Средба на директорот на БЈБ, Јанев со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија: ставен акцент на унапредувањето на соработката меѓу полициските служби

Генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, престојува во работна посета на Македонија, во рамки на која денеска оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. На средбата беа разгледани актуелните безбедносни состојби во двете држави, заедничките безбедносни предизвици, како и актуелните состојби и трендови во областа на миграцијата и миграциските текови, извести МВР. …

Continue Reading

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, а со еден е извршен службен разговор, 12 возеле без возачка

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 14 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, извести МВР. „Од нив 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.У.(30), А.С.(29), С.Р.(36), Р.С.(35), Г.Б.(45), 21-годишната Е.Ш. и 17-годишник, двајцата од …

Continue Reading

(Фото) Таа беше секс-симбол на 90-тите, но денес има нова преокупација: Што се случи со неа?

Во неодамнешното интервју за британското списание Homes & Gardens, актерката Памела Андерсон зборуваше за своето секојдневие далеку од холивудската сцена. И нема да поверувате како го поминува своето време… Актерката Памела Андерсон беше најпрепознатливиот секс-симбол на 90-тите години. Русата коса, тенкиот струк и бујните облини ја дефинираа оваа убавица, а не е тајна дека таа беше врвната фантазија на мажите …

Continue Reading

По критиките за договорот со Путин, се огласи Трамп: Ја донесов вистинската одлука

Доналд Трамп денес го бранеше својот договор со Владимир Путин за увоз на руски дизел во САД преку објава на својата платформа за социјални медиуми, „Truth Social“, откако овој потег предизвика остри критики во Европа, Украина и во делови од американскиот Конгрес. „Ја донесов вистинската одлука“ Трамп сега тврди дека неговата одлука била оправдана со потребите на американскиот пазар и …

Continue Reading

Зеленски: Русија денес нападна шест енергетски објекти; повредени се 33 лица

Русија денес нападна шест енергетски објекти во Украина, при што беа повредени 33 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претходно денес, Зеленски ја обвини Русија за прекршување на примирјето во врска со нападите врз енергетската инфраструктура – ​​примирје што американскиот претседател Доналд Трамп го објави на социјалната мрежа „Truth Social“. Според Зеленски, руските сили погодиле енергетски објект во Харков кратко …

Continue Reading

Дали сакате да бидете задоволни од себе? Започнете со овие шест мали нешта

Понекогаш, доволно е да се почне со мали нешта. Нема да го промените начинот на кој гледате на себе преку ноќ, но шест едноставни чекори можат да бидат добар почеток. Многу луѓе чекаат некаква голема промена – слабеење, наоѓање подобра работа, влегување во врска, заработување повеќе пари или постигнување значајна цел – пред конечно да бидат задоволни од себе. Сепак, …

Continue Reading

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

„Во пресрет на утрешната комисиска расправа за измените на Законот за животна средина, ДОМ повторно предупредува дека предложените законски решенија отвораат сериозни прашања за заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина“, велат од ДОМ. „Покрај измените на одредбите за заштитната дистанца од пет километри за тешката индустрија, како и проширувањето на можностите за избегнување целосна постапка за оцена на …

Continue Reading

Делови од општините Аеродром и Чучер Сандево утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од главната улица Тодор Чангов 28 и дел од улицата Данка Фирфова во населбите Лисиче, општина Аеродром; · во периодот од 09.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Глуво – Бразда, општина Чучер Сандево; · во периодот …

Continue Reading

Дел од општина Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, поради водоводен приклучок од ф150мм на улицата Дана Стуцки бр.18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Хусеин Бајрам и улици од бр. 163 до 172. на село Крњево, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading