„Фајненшл тајмс“: По напнат телефонски разговор бил одложен состанокот помеѓу Трамп и Путин
САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин поради цврстиот став на Москва за условите околу Украина, објави „Фајненшел тајмс“. Одлуката уследила по напнат телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по кој Рубио го информирал Трамп дека Русија не покажува подготвеност за преговори. Самитот …
Continue Reading
Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк
На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа почнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во 19 часот во недела. Во вториот круг ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а на три избирачки места во Шуто Оризари ќе …
Continue Reading
Автомобил експлодираше во Русија: загина офицер од единицата што го изврши масакрот во Буча
Во експлозија на автомобил во регионот Кемерово во Русија загина рускиот полициски потполковник Венијамин Мажерин, член на единица поврзана со воени злосторства извршени во близина на Киев во 2022 година. Украинската служба за одбрана и разузнавање (ХУР) ја презеде одговорноста за неговото убиство, која објави и видео од запаленото возило. Според соопштението на ХУР, Мажерин, роден во 1980 година, бил …
Continue Reading
(Видео) Фантазија на црвениот тепих: Ен Хатавеј го носи најубавиот огнен фустан
Откако нè почасти со неколку трендовски изгледи за време на снимањето на долгоочекуваното продолжение на „Ѓаволот носи Прада“, актерката Ен Хатавеј блесна во елегантен, романтичен изглед на настанот WWD Honors. Таа го носеше можеби најубавиот црвен фустан што некогаш сме го виделе, докажувајќи, по којзнае кој пат, зошто е модна икона. #AnneHathaway, eşi #AdamShulman ile birlikte New York’ta düzenlenen 2025 …
Continue Reading
„Политико“: Орбан е притиснат, мора да се сврти кон Хрватска поради санкциите за руската нафта
Американските санкции за увоз на руска нафта го притиснаа премиерот Виктор Орбан да побара алтернатива преку Хрватска, иако Будимпешта со години го одбегнуваше тој правец, пишува „Политико“. Будимпешта тврди дека алтернативните испораки преку Хрватска се прескапи и дека Јадранскиот гасовод (ЈАНАФ) не може да ги задоволи нејзините потреби, што експертите и претставниците на Загреб остро го негираат, пишува Политико …
Continue Reading
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 …
Continue Reading
(Фото) Вљубена и во тренд: маичката на Џенифер Анистон станува моден хит
Актерката Џенифер Анистон не се појавува толку многу на јавни настани и се чини дека не сака да привлекува внимание кон себе, иако го заслужува. Само повремено објавува нешто на социјалните мрежи и веднаш станува вирална. Џенифер со децении негува едноставен и лежерен стил кога станува збор за секојдневните изданија. Таа е можеби најслична на кралицата на уличната мода, Кејти …
Continue Reading
Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови
Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од десетици милијарди долари. Додека бурата продолжува да се движи низ Северниот Атлантик, авионите за прва помош слетаа во тешко погодената Јамајка, каде што властите велат дека луѓето имаат итна потреба од помош откако големи делови од островот беа уништени. Националниот …
Continue Reading
(Видео) Тројца милијардери излегоа на пилешко и пиво, ја платија сметката за сите
Три милијардери ги изненадија гостите кога влегоа во популарен ресторан за пржено пилешко – и на крајот ја платија сметката на сите. Јенсен Хуанг, извршен директор на „Нвидија“, гигантот за чипови за вештачка интелигенција и највредната компанија во светот, го посети ресторанот во Сеул со лидерите на два јужнокорејски глобални технолошки гиганти: претседателот на „Самсунг Електроникс“, Ли Џе-јонг, и извршниот …
Continue Reading