(Фото/Видео) Царинските службеници запленија хашиш, амфетамин и MDMA и тетрахидроканабинол: приведен германски државјанин

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин и MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од боди-камерите кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД, извести Царинската управа. „Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца …

Continue Reading

Фон дер Лајен: Црното Море стана уште еден фронт на ескалација во руската војна во Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги осуди нападите со дронови врз трговски бродови кај бугарскиот брег и изјави дека одговорните мора да се соочат со последиците. „Црното Море стана уште еден фронт на ескалација во руската војна во Украина. Ова е неприфатливо“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа X. „Остро ги осудувам нападите со дронови врз …

Continue Reading

Претрес во Струмица, пронајдена дрога: уапсен 48-годишник

Вчера во 22:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 48-годишниот Љ.Ѓ. од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како и при личен претрес на Љ.Ѓ., биле пронајдени и одземени пакувања со хероин и кокаин, две дигитални ваги и други предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето е задржано во Полициската …

Continue Reading

Педро Поро подготвен да ја напушти Премиер лигата

Педро Поро (27) сака да го напушти Тотенхем и да се врати во шпанската лига, а Барселона и Реал Мадрид веќе покажуваат интерес за репрезентативниот десен бек. Според информациите во шпанските медиуми, фудбалерот е отворен за можноста да се врати во својата татковина во зимскиот преоден рок, иако го обнови договорот со лондонскиот клуб до јуни 2031 година. Поро се …

Continue Reading

Бруклин Бекам објави фотографии од Париз; луѓето велат: „Намерно провоцира“

Бруклин Бекам сподели романтични фотографии од Париз на кои се бакнува со својата сопруга, Никола Пелц. Објавата доаѓа во време на обновени тензии со неговото семејство, кои ескалираа за време на Модната недела. Младиот готвач, 27-годишниот Бруклин, и неговата 31-годишна сопруга беа фотографирани во нежни моменти во Париз; на една од сликите се гледа како се бакнуваат пред Ајфеловата кула. …

Continue Reading

Казнети 135 возачи за непрописно паркирање во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05 до 11 октомври, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на …

Continue Reading

(Фото/Видео) Мексиканска убавица ги полуде сите: бујното деколте ги остави луѓето како хипнотизирани

Мексиканската актерка Еиза Гонзалес се појави на еден настан и ги маѓепса сите присутни со својот изглед. Тоа е глетка што тешко се заборава. Лондон во последно време стана собиралиште на бројни ѕвезди, благодарение на Лондонскиот филмски фестивал, кој пречекува познати актери и актерки од целиот свет. Мексиканската убавица Еиза Гонзалес ја искористи можноста да заблеска на фестивалот, привлекувајќи внимание …

Continue Reading

Уапсен дрвокрадец во тетовско: превезувал огревно дрво без документација и немал возачка дозвола

Вчера во 19:30 часот во село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода 29-годишниот И.Б. од село Стримница, тетовско. При сообраќајна контрола било запрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возел без возачка дозвола. При преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени огревни …

Continue Reading

Димитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во Бангкок

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните Есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд. Во рамки на средбите, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и со претставници на меѓународни финансиски институции, како и учество на состаноци посветени …

Continue Reading