Глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степени, предупредува ОН

Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година. UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон …

Continue Reading

Германија им нуди пари на Авганистанците ако се откажат од доаѓање во земјата

Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата. Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и …

Continue Reading

Италија реагира на изјавата на Захарова за кулите во Рим

Италија денес го повикала заменикот на рускиот амбасадор на разговор во знак на протест поради изјавите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која го поврзала уривањето на средновековна кула во Рим со италијанската воена помош за Украина. Романски државјанин загинал откако бил извлечен од урнатините на кула близу Колосеумот, која се срушила вчера. Додека траела спасувачката …

Continue Reading

Кира Најтли призна: Славата по „Пиратите од Карибите“ беше толку тешка што доживеав нервен слом

Британската актерка Кира Најтли откри дека по улогата во филмската франшиза Пиратите од Карибите добила посттрауматско стресно нарушување (ПТСП). Огромната слава што ја стекнала на само 17 години, по првиот филм во 2003 година, ѝ предизвикала психички притисок и тешко се справувала со вниманието на јавноста. На 22 години доживеала нервен слом, по што побарала стручна помош и направила едногодишна …

Continue Reading

Зеленски: Би сакале Орбан да нè поддржи или барем да не нè блокира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја поддржи или барем да не ја блокира кандидатурата на Украина за членство во Европската унија. На форум за проширување на ЕУ во Брисел, Зеленски рече дека „Орбан има што да ѝ понуди на Украина, која во моментов ја брани цела Европа од Русија“. Процесот за пристапување …

Continue Reading

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет Меџити кој стана градоначалник на Општина Чаир. За нов министер за животна средина и просторно планирање, на местото на Меџити, сè уште се одлучува. Сулејмани истакна дека ВРЕДИ ќе продолжи да функционира како единствен политички субјект, без поделби по партии, …

Continue Reading

Утре променливо облачно време, од четврток до понеделник дожд, најавува УХМР

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната …

Continue Reading

(Видео) Џјинпинг се пошегува со јужнокорејскиот претседател: „Проверете дали има задна врата“

Потребен е некој со челични нерви за да се пошегува за безбедноста на кинеските паметни телефони пред Шји Џјинпинг, пишува британскиот Гардијан. Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, откако кинескиот лидер му подари пар паметни телефони пред нивниот државен банкет за време на викендот, гласно праша дали уредите се безбедни. Шји, кој не е познат по јавното прикажување на хумор, се насмевна …

Continue Reading

За 6 ноември на репертоар е и претставата „Разбуди се Тина“ на НУ Театар- Куманово како дел од седмоноемвриското празнично одбележување

За одбележување на Општинскиот празник- 7 Ноември, Ден на ослободувањето на Гевгелија и во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, на 6 ноември ќе гостува НУ Театар- Куманово со претставата „Разбуди се Тина“. Претставата ќе се одигра на сцената во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Организацијата е на ЈОУ Дом на култура …

Continue Reading