Роденденска промоција на „хnula.mk“, од 5ти до 10-ти ноември
„xnula.mk“ го слави својот ПРВ роденден. Успевајќи да се позиционира како доверлива премиум онлајн продавница во Македонија, нуди внимателно избрани производи за домаќинство, стик и робот правосмукалки, уреди за нега и фитнес од светски познати брендови. По тој повод, од 5 до 10 ноември 2025 година ќе имате можност да уживате во роденденската промоција со ексклузивни цени и попусти на …
Continue Reading
Кожуф добива нова зимска атракција – патека долга 1200 метри
Во Ски-центарот „Михајлово“ се гради нова скијачка патека долга 1200 метри, на надморска височина од 1400 метри, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази. Според градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, овој проект претставува силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во регионот, а Кавадарци ќе стане задолжителна зимска дестинација. Отворањето на новата патека е планирано за …
Continue Reading
(Видео) Поранешната Мис Југославија живее во Дубаи повеќе од 20 години: „Ги почитувам нивните правила“
Поранешната српска манекенка и Мис Југославија Јелена Бин Драи живее во Дубаи веќе 24 години, каде што изгради семејство со арапскиот претприемач Саид Бин Драи, со кого има четири деца. По долго медиумско молчење, Јелена неодамна отворено проговори за својот брак, семеен живот и правилата што ги следи во Обединетите Арапски Емирати во емисија на телевизијата К1. Таа призна дека …
Continue Reading
„Тој се занимава со избори, а не со војна“: Зеленски критикуван, обвинет дека се обидува да ја спаси сопствената популарност
Зимскиот пакет за поддршка предложен од администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски наиде на остри критики, пишува Киев Индепендент. Владата подготвува серија мерки за ублажување на економскиот притисок врз граѓаните додека земјата влегува во уште една тешка зимска сезона обележана со руски напади. Планот вклучува еднократна исплата од 1.000 гривни (околу 24 евра) за сите граѓани, 3.000 километри бесплатно патување …
Continue Reading
Лишена од слобода 35-годишна кумановка: возела „бмв“ со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената
Вчера во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода 35-годишната И.А. од Куманово. При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што …
Continue Reading
Шок во Германија: Автомобили и куќи извалкани со човечка крв и кукасти крстови
Германската јавност беше потресена од ужасен случај од градот Ханау, каде што во текот на ноќта речиси 50 автомобили, фасади на куќи и поштенски сандачиња беа извалкани со човечка крв, во некои случаи во форма на свастики. Полицијата соопшти дека сè започнало кога еден маж пријавил дека видел црвеникава течност на хаубата на неговиот паркиран автомобил со нацртана свастика на …
Continue Reading
Се урна конструкција во електрана во Јужна Кореја: 7 лица останаа заробени
Властите во Јужна Кореја стравуваат дека седум лица се заробени откако се урна голема структура во електрана во градот Улсан во четврток, објави новинската агенција Јонхап. Официјален претставник на противпожарната служба на округот не можеше веднаш да го потврди бројот на исчезнати. Претходно, Јонхап и други медиуми објавија дека шест лица се исчезнати, а две се спасени. Спасувачката операција е …
Continue Reading
Еден месец ги чини 40.000 евра – Коринтијанс го моли Депај да го напушти хотелот
Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (31), еден од клучните играчи на Коринтијанс, добил барање од раководството на клубот да го напушти луксузниот хотел во Сао Паоло каде што живее. Бразилскиот клуб се соочува со финансиски тешкотии и мора да ги намали трошоците, а сместувањето на Депај е огромен трошок. Според информациите од бразилскиот „УОЛ“, престојот на холандската ѕвезда во клупскиот хотел …
Continue Reading
(Видео) Отворен првиот двоспратен висечки мост во Кина
Првиот двокатен висечки мост во Кина со затегнувачи е отворен за сообраќај во источната кинеска покраина Анхуи, објави денес новинската агенција „Синхуа“. Ова е 11-ти мост преку реката Јангце во покраината Анхуи. Проектот ги поврзува автопатите, меѓуградските железници и товарните линии, овозможувајќи транспорт помеѓу железниците и речниот сообраќај. Патниот дел од мостот, долг 11,9 километри, беше пуштен во употреба вчера. …
Continue Reading