(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складишен објект за нафта
Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави рускиот Телеграм канал АСТРА, како што пренесе „Киев Индепендент“. Локалните жители пријавија дека слушнале неколку експлозии во близина на складиштето, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека нивната воздушна одбрана соборила 10 украински беспилотни летала над полуостровот. Фотографија на која …
Continue Reading
(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени
Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени десетици патници, соопштија полицијата и словачкиот министер за внатрешни работи. Јавувајќи се од местото на несреќата, министерот за внатрешни работи Шутај-Ешток рече дека десетици луѓе се полесно повредени, додека 11 се пренесени во болница. Нема смртни случаеви, додаде тој. 🚨🇸🇰#BREAKING …
Continue Reading
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во …
Continue Reading
(Видео) Рајо Ваљекано го запре Реал
Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод. Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат
Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало во Скопје се собрани во акцијата за чистење што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција. Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е …
Continue Reading
Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б
Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј. „Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот. „Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри …
Continue Reading
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата …
Continue Reading
Норис победи во Бразил, Ферстапен блескаше на патеката, Ферари доживеа дебакл
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на Големата награда на Бразил, 21-та трка од шампионатот во Формула 1. Норис доминираше на патеката Интерлагос, прво победи во спринтот, а потоа се искачи на врвот на подиумот на главната трка. Второто место го освои Андреа Кими Антонели од Мерцедес, а трет заврши Макс Ферстапен иако имаше многу лоша почетна позиција (стартуваше …
Continue Reading
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот. Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета. И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше …
Continue Reading