Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната …
Continue Reading
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Continue Reading
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај) · во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар) · во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците …
Continue Reading
(Видео) Норвешка во голем стил ги заврши квалификациите, ја декласира Италија среде Милано
Норвешките фудбалери го потврдија своето место на Светското првенство, со убедлива победа од 4:1 во Милано над Италија. Норвешка во голем стил ги мина овие квалификации, со максимален учинок од осум победи и гол разлика 37:5. На „Азурите“ им беше потребна победа од 9:0 на „Сан Сиро“ за првото место во Група И. И покрај водството, не освоија ниту еден …
Continue Reading
(Видео) ДР Конго ќе игра во интерконтинеталниот плејоф за СП
Фудбалерите на ДР Конго се квалификуваа за интерконтиненталниот плејоф за Светското првенство, откако ја победија Нигерија во финалето на африканскиот плејоф во Рабат.. Во финалниот меч од плејофот, Конгоанците ја победија Нигерија по изведувањето пенали. По 120 минути, резултатот беше 1:1, а Конго потоа славеше по шест серии пенали со 4:3. Конго има шанса по прв пат да настапи на …
Continue Reading
(Видео) Украина обезбеди бараж, Франција и Англија ја потврдија доминацијата, победи и Србија
Во решавачкиот натпревар од 6-то коло од групата Д од квалификациите за Светското првенство, Украина го победи Исланд со 2:0 (0:0) и се избори за место во баражот за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Украина, во клучниот натпревар во борбата за второто место го победи Исланд со голови во последните 10 минути од натпреварот. Стрелци на …
Continue Reading
Синер ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс
Јаник Синер го освои Завршниот Мастерс во Торино со победа од 2-0 во сетови над Карлос Алкараз. Синер го победи Алкараз со 7:6, 7:5 по два часа и 15 минути борба. Со ова, Италијанецот ја одбрани титулата на Завршниот Мастерс, без загубен сет, а неговиот настап на бетон во затворен простор се зголеми на 31 победа по ред, во последните …
Continue Reading
Директорот на БЈБ Јанев во градскиот парк во Скопје на одбележување на Светскиот ден на жртвите во сообраќајот
Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Горан Ангеловски во градскиот парк во Скопје го одбележаа Светскиот ден на жртвите во сообраќајот, оддавајќи им почит на сите кои ги загубија своите животи на патиштата. Директорот Јанев истакна дека нашите сообраќајници секојдневно се неми сведоци на трагедии кои зад …
Continue Reading
Вдовицата на првата жртва од Чернобил загина во рускиот напад врз Киев
Наталија Ходемчук, вдовицата на Валериј Ходемчук, првата жртва на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, почина во Киев од тешките повреди здобиени за време на масовниот руски напад во ноќта меѓу 14 и 15 ноември. Државната агенција за управување со забранетата зона соопшти дека Ходемчук (73) била тешко повредена кога дрон погодил станбена зграда во реонот Троешчина, при што …
Continue Reading