Влаховиќ се соочува со долга пауза
Јувентус, вчера, го победи Каљари со 2:1, но остана без првиот напаѓач, Душан Влаховиќ. Репрезентативецот на Србија, побара измена во 30 минута. Препоната е проблемот со кој се соочи Влаховиќ во текот на натпреварот. Со болна гримаса, во очај, Влаховиќ се упати кон клупата кога од неговите усни можеа да се прочитаат зборовите упатени до тренерот Спалети. „Мистер, мислам дека …
Continue Reading
Акција на полицијата, се апсеа лица осомничени за трговија со дрога
На 28/29.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.К.(29) од Р. Словенија, О.О.(30) од Р. Турција, М.И.(39), Р.Ш.(42) и К.К.(43) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и четири шишиња со течност. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Continue Reading
Скопје утрово се разбуди со температури под нулата
Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови – 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени. Во Виница, Берово се измерени еден степен, во Прилеп и Кавадарци два степени, во Тетово, Охрид, Претпор и Битола три степени и во Гевгелија пет степени. Времето денеска …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ мора да расчисти со Филипче ако сака да се реформира
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека серијата случаи што се отвораат деновиве ги разобличуваат, како што велат, скандалите од времето кога СДСМ била на власт и претставуваат доказ за структурен хаос, распаднати институции и недостиг од одговорност. Во соопштението партијата посочува дека случајот со стоковите резерви е уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДСМ функционирале „како импровизирани конструкции без механизми за …
Continue Reading
(Видео) Најмладиот прв пик во историјата ги растури ЛА Клиперс
Младиот американски кошаркар Купер Флег го одигра најдобриот натпревар во својата НБА кариера во ноќта помеѓу саботата и неделата. Флег ги предводеше своите Далас Маверикс до победа од 114:110 над Лос Анџелес Клиперс. Суперталентираниот 18-годишник го заврши натпреварот со 35 поени (13/22), осум скока и две асистенции. Флег со тоа стана најмладиот НБА играч во историјата со 35+ натпревари во …
Continue Reading
СДСМ од денеска најавува прес-конференции за наводните криминали на Владата на Мицкоски
Од СДСМ денеска најавуваат дека во 11 часот ќе започнат со серијал од прес-конференции за наводните криминали на Владата на Христијан Мицкоски. „Целосно ќе ја разобличиме системската корупција, институционализираниот криминал и безмилосната пљачка на граѓаните што го спроведува власта на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето мора да престане, веднаш. А криминалците од власта да одговараат! Ќе зборуваме со факти. Со документи. Со бројки. …
Continue Reading
Во 2025 година се регистрирани 38 нови случаи на ХИВ/СИДА и осум смртни случаи
Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. Бројот на случаи во 2025 е помал за 25,5% споредено со истиот период од 2024 година, кога беше регистриран 51 случај. За споредба, …
Continue Reading
Илир Демири го напушта „Европскиот фронт“
Пратеникот Илир Демири ќе дејствува како независен. Тој за оваа одлука го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер. Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, партија која на парламентарните избори настапи во Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Одлуката на Демири …
Continue Reading
Четворица мртви и десет ранети на семеен собир во Калифорнија
Четири лица се убиени, а 10 се ранети во пукотница за време на семеен собир во свечена сала во Стоктон, Калифорнија, објавија ноќеска официјални лица од канцеларијата на шерифот, пренесуваат американските медиуми. Меѓу жртвите има деца и возрасни, потврди Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече …
Continue Reading