Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во нашата држава, денес потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026–2030 година. На настанот со онлајн вклучување се обрати и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге. -Денешниот ден отвора ново поглавје во соработката со …

Continue Reading

Земјоделците и денес ги блокираа патиштата во Грција, протестите се шират во земјата

Протестите на незадоволните грчки земјоделци поради доцнењето на исплатата на субвенциите од Европската Унија денес се проширија во областа на Солун, каде што колони од трактори стигнаа до наплатната рампа Малгара и го блокираа сообраќајот на националниот автопат кон Атина. Припадници на полицијата првично го затворија пристапот до автопатот кај кружницата Малгара и не дозволија трактори да поминат, но подоцна …

Continue Reading

Зеленски по состаноците на Флорида: Тешките прашања остануваат нерешени

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека по американско-украинските разговори во Флорида, некои тешки прашања сè уште треба да се решат. Тој соопшти дека сега заминува за Европа за да ја обезбеди поддршката од сојузниците, додека претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп треба да отпатува во Москва и да го информира Кремљ за резултатите од преговорите. Интензивната дипломатија продолжи во …

Continue Reading

ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДВА ВАЖНИ ПРОЕКТИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

На пригоден настан кој се одржа денеска во Охрид, официјално започна реализацијата на проектите „Волонтери во акција за безбедност на граѓаните и заштита на природата“ и „Крушево и Елбасан – Патување во природа и авантура“, финансирани од Европската Унија преку ИПА 3 програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Кирил Пецаков ја истакна важноста …

Continue Reading

Благоја Милевски повеќе не е селектор на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на националниот тим, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември. Во својот мандат на клупата, од 1. август 2021 година, Милевски ја предводеше Македонија на 48 натпревари. Под негово водство, репрезентацијата забележа 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. …

Continue Reading

(Видео) Снежна бура во Америка: откажани бројни летови, масивен верижен судир на возила во Индијана

Силна снежна бура низ градовите во САД предизвика голем број проблеми во копнениот и воздушниот сообраќај. Видео од масовна и исклучително застрашувачка несреќа на повеќе возила во Индијана, САД, се шири на социјалните мрежи, а властите ги предупредуваат граѓаните да не патуваат освен во итни случаи. Footage of A massive and extremely terrifying multi-vehicle collision in Indiana, USA, following a …

Continue Reading

(Видео) Повеќе од 1.000 жртви во големите поплави во Јужна Азија

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Јужна и Југоисточна Азија надмина 1.000, додека спасувачките екипи продолжуваат да се справуваат со последиците од трите разорни циклони. Според најновите податоци од властите, 502 лица ги загубиле животите во Индонезија, најмалку 334 во Шри Ланка и 176 во Тајланд, додека напорите за спасување и опоравување продолжуваат низ целиот регион, пишува „Скај њуз“. …

Continue Reading

Струмичани уживаа во „Божиќно Чудо“

Општина Струмица и Евангелско – Методистичката црква, на струмичани им приредија интересен настан со којшто ја збогатија предновогодишната атмосфера. Во нивна организација во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ беше изведена  музичко – сценската претстава „Божиќно Чудо“ во којашто настапи интернационална група на студенти – волонтери од повеќе европски држави. Од името на општина Струмица, учесниците и посетителите …

Continue Reading

Изложба на Сашо Алушевски во Скопје: „На Мајката земја – шума“ го истражува односот меѓу фотографијата и природата

Во среда, трети декември, од 18 часот, авторот Сашо Алушевски ќе постави изложба од циклусот „на Мајката земја“ – шума, во мобилната-монтажна галерија, во паркот на франкофонијата во Скопје. Поставката „На мајката земја“ го истражува односот меѓу фотографијата и материјалната природа/реалност/нашите доживувања, третирајќи ја фотографската слика како симулакрум – визуелен знак што не ја претставува природата директно, туку нејзините кодови …

Continue Reading