(Видео) Див дабар виден во Велика Британија за првпат по 400 години

Во природниот резерват Пенсторп, Норфолк, за прв патпо повеќе од 400 години е забележан див дабар. Животното е снимено на камера додека собира дрвја за своето живеалиште покрај речен брег, оставајќи ги експертите збунети за неговото потекло. Менаџерот на резерватот, Ричард Споуџ, рече дека дабарот престојува во изолиран дел од резерватот околу еден месец и можеби патува кон соседните мочуришта …

Continue Reading

Ван Дајк свикал состанок, играчите се побунија

Фудбалерите на Ливерпул му дадоа поддршка на Мохамед Салах, пишуваат англиските медиуми. Ливерпул поминува низ најтурбулентниот период во последните неколку години. Резултатите се лоши, играта е под сите стандарди, а и атмосферата во тимот не е добра. Најновите информации од Англија велат дека тензиите во соблекувалната се преточиле во сериозен раскол помеѓу ѕвездата на тимот Мохамед Салах и тренерот Арне …

Continue Reading

Реализирана втората масовна акција за пошумување: Засадени 14.000 садници чемпрес на „Милош Брдо“ во Негорци

Општина Гевгелија ја реализираше втората по ред масовна акција за пошумување „Да пуштиме корени во Гевгелија“, при што, денес, на „Милош Брдо“ во Негорци беа засадени 14.000 нови садници чемпрес. Акцијата се организираше во соработка со Јавното претпријатие „Комуналец“, Шумско стопанство „Кожув“ и ОО Црвен крст- Гевгелија, а со активното учество на голем број граѓани, претставници на локалната самоуправа, институции …

Continue Reading

СДСМ не му се извини на Томовски, тој најави дека ќе ги тужи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска кажа дека нема да му се извинат на директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Ова следи откако вчера СДСМ обвини дека семејната фирма на Томовски добила 161 тендери вредни 5,3 милиони евра. Тој, пак, рече дека нема никаква приватна компанија, побара извинување, а во спротивно најави тужба. „Не, нема да му се извиниме на Томовски. …

Continue Reading

9 декември: Концерт „Музичка ризница“ на камерниот ансамбл „Пијано трио“

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 9 декември 2025 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во хотел „Аполонија“- Гевгелија, ќе се одржи концертот „Музичка ризница“ во изведба на камерниот ансамбл „Пијано трио“. „Пијано трио“ е составено од тројца етаблирани музички уметници: Татијана Петрушевска- обоа и прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски- …

Continue Reading

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари

Скопјанка на возраст од 82 години била измамена за 170 илјади денари во уште една измама со лажна сообраќајка. „На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало …

Continue Reading

Келог: Мировниот договор за Украина е „многу близу“, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека договорот за прекин на војната во Украина е „навистина блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две големи отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје. Келог, кој треба да се повлече од функцијата во јануари, кажа дека напорите за решавање на конфликтот влегле во …

Continue Reading

Одбележан вековниот јубилеј на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци: славење 100 години постоење и традиција во образованието

Во Домот на културата- Миравци, на 5 декември 2025 година, се одржа Свечената академија посветена на 100-годишнината од основањето на ООУ „Климент Охридски“- Миравци. Настанот, кој се одвиваше под мотото: „Век, светлина, знаење…“, со својата содржина, симболика и емоција претставуваше вистински празник на образованието и културата во заедницата, а воедно беше и дел од програмата „Гевгелија град на културата за …

Continue Reading

(Видео) Обид за државен удар во Бенин: војска упадна во националната телевизиска станица

Група војници во западноафриканската држава Бенин, која себе се нарекува Воен комитет за обнова, под команда на потполковникот Паскал Тигри, денеска соопшти дека ја презеле националната телевизиска станица, дека претседателот Патрис Талон е отстранет од функцијата, а сите државни институции се распуштени. NEW: Soldiers tried and failed to overthrow President Patrice Talon in Benin. Coup plotters briefly seized state TV …

Continue Reading