Зеленски: Трамп има своја визија за крајот на војната, ние имаме поинаква

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одржа прес-конференција во Лондон по средбата со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Тој нагласи дека американскиот мировен предлог има нова, скратена форма и дека украинските позиции за клучните точки не можат да се променат. Зеленски рече дека мировниот план на САД сега е намален на 20 точки …

Continue Reading

Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата

На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата. Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на …

Continue Reading

Вработените во Лувр најавија штрајк по големиот грабеж: „Музејот е запоставен“

Вработените во парискиот музеј Лувр гласаа за штрајк, протестирајќи против лошите услови за работа и безбедносните пропусти што го привлекоа вниманието на јавноста по спектакуларниот грабеж на француски накит во октомври, пишува „Асошиејтед Прес“. Синдикатите предупредуваат дека музејот е во криза, со низа проблеми што кулминираат по дрската кражба и неодамнешното истекување на вода што оштети стотици книги. Во писмо …

Continue Reading

Трамп: Договорот меѓу Netflix и Warner Bros. може да биде проблем

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази загриженост во врска со најавеното преземање на Warner Brothers Discovery и популарната стриминг мрежа HBO од страна на Netflix, договор вреден 72 милијарди долари. Трамп предупреди дека Netflix веќе има „голем пазарен удел“ и дека комбинираната моќ на двете компании „може да биде проблем“, пишува BBC. Двете компании објавија дека постигнале договор што ќе …

Continue Reading

Кремљ: Кога ќе го отстраниме она што нè иритира и нас и Америка, шансите за обновување на односите се зголемуваат

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, даде нови информации за мировните преговори за Украина за време на редовниот брифинг за медиумите во Москва. Песков вели дека постои загриженост за промените во националната стратегија на САД под идните администрации, но дека сегашниот пристап ѝ одговара на Русија, објави руската државна новинска агенција ТАСС. „Страните вклучени во мировните преговори се сè повеќе свесни …

Continue Reading

Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“

Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ. Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.  Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен. На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

Continue Reading

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани

​​Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица. „Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот …

Continue Reading

Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“

Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ. Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците. На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.  

Continue Reading

Заврши средбата на Зеленски со европските лидери

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел Макрон, Фридрих Мерц и Володимир Зеленски се збогуваа на влезот во резиденцијата на британскиот премиер. Потоа Мерц и Макрон заминаа, додека Стармер и Зеленски се вратија на Даунинг стрит 10. Leaders of Ukraine, United Kingdom, France and Germany are meeting …

Continue Reading