Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот …
Continue Reading
Маж од Кичево реновирал покрив на куќа и пронашол мина од Втората светска војна
Четириесет и шестгодишен маж од Кичево пронашол експлозивна направа додека извршувал градежни работи на покривот на семејна куќа. Во полицискиот билтен стои дека А.С. (46) ја пронашол направата во таванскиот простор при изведување градежни активности на покривната конструкција. На местото интервенирал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал експлозивната направа и утврдил дека станува збор за …
Continue Reading
Најмоќното катарско семејство сака да влезе во Интер
Семејството Ал Тани од Катар ја разгледува можноста за купување на малцински удел во Интер, додека американскиот инвестициски фонд „Оуктри“ засега не планира да се откаже од контролата врз италијанскиот клуб. Според италијанскиот весник „Ил Месаџоро“, постои интерес, но конкретните преговори сè уште не се започнати. „Оуктри“ беше преземен од Интер во мај 2024 година, откако семејството Жанг не успеа …
Continue Reading
Тешко повредена 62-годишна скопјанка, во неа удрил мотоциклист на крстосница
Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил мотоциклист на крстосница во Скопје. Несреќата се случила вчера, 15 октомври, околу 9:10 часот, на крстосницата на улиците „Кирил и Методиј“ и „Народен фронт“. Триесет и шестгодишниот С.С. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, удрил во пешачката Л.В. (62), исто така од Скопје, според информациите од МВР. …
Continue Reading
Мицкоски нема да ги напушти преговорите туку ќе ги засили барањата за средби со Бугарите: Нема да бидеме жртва на емотивни реакции, бегалецот и бегалката ќе одговараат
Бегството на Ива Михаилова во Бугарија среде судски процес во кој е осомничена за сообраќајка со смртни последици и тензијата што ја предизвика меѓу двете земји, премиерот, Христијан Мицкоски, вели дека нема да го премисли за процесот на евроинтеграција. Тој денес најави дека ќе ги интензивира барањата за средби со Бугарите за да се бара решение за проблемите, а рече …
Continue Reading
(Видео) Чудото од дете на Милан – На 19-годишна возраст влезе во историјата на италијанскиот фудбал
Алфаџо Сисе блесна во дресот на Милан, постигна хет-трик против Салцбург во Лигата на Европа и влезе во историјата на италијанскиот фудбал на само 19 години. Младиот напаѓач беше апсолутен херој на победата на „росонерите“, а за само 50 минути постигна три гола и го оствари првиот хет-трик во својата професионална кариера. Сепак, неговиот подвиг има и историска димензија. Со …
Continue Reading
Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и близу 3 милиона преноќувања заклучно со месец август за 2026 година
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на објавените податоци за раст на туризмот од Државниот завод за статистика, изјави: „Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци. Она коешто претставуваше наш приоритет за оваа 2026 година во делот на туризмот, ние речиси го постигнавме заклучно со месец август, односно да …
Continue Reading
(Видео) СДСМ обвинува за партизација на Судскиот совет и бара повлекување на предложените кандидати
СДСМ денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски се обидува да воспостави целосна контрола врз правосудството преку избор на партиски поврзани кадри во Судскиот совет. На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, побара повлекување на предложените кандидати Емилија Алексовска и Џоко Диков. „Мицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето. Тоа го прави веќе две …
Continue Reading
Милановиќ го осуди величењето на нацизмот во Сплит: Ова е срамно и недозволиво, потребни се санкции
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го осуди однесувањето на дел од навивачите на Торцида, кои вчера во Сплит, пред фудбалскиот натпревар меѓу Хајдук и Ајакс во Конференциската лига, извикуваа пароли со кои ги величеа нацистичкиот и усташкиот режим. „Недозволиво, срамно и за секоја осуда е однесувањето на дел од навивачите на Торцида во Сплит. Извиците и постапките со кои отворено се …
Continue Reading