Муцунски се сретна со министерот за надворешна трговија на ОАЕ: потврдени одличните билатерални односи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати денеска оствари средба со министерот за надворешна трговија, Тани бин Ахмед Ал Зејуди. Двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални односи и го истакнаа растечкиот потенцијал за продлабочување на соработката. Посебен акцент беше ставен на економијата, трговијата и инвестициите како приоритетни области за идна …
Continue Reading
(Видео) Пожар во зграда во главниот град на Индонезија, најмалку 13 мртви
Пожар избувна во седумкатна зграда во индонезискиот главен град Џакарта, објави локалниот телевизиски сервис Компас ТВ, при што 13 лица се потврдени како мртви, а некои сè уште се заробени во зградата. Пожарот е изгаснат и евакуациите на зградата продолжуваат, објави Компас ТВ. 15.45 #InfoSonora#UdpateKebakaran di Gedung Terra Drone, Jln. Letjend Suprapto No.17 Kel.Cempaka Putih masih dalam proses pemadaman. Kabarnya …
Continue Reading
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, двајца уапсени
Вчера во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје. По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од М.Н. …
Continue Reading
ARGY пристигнува во Скопје!
Скопје влегува во финалното одбројување до едно од најголемите и најочекувани електронски шоу-доживувања во историјата на македонската музичка сцена. За само четири дена, на 13 декември 2025 година, глобалниот феномен ARGY ќе настапи во арената „Борис Трајковски“ со спектакл што по стандард, продукција и енергија стои рамо до рамо со најголемите светски фестивали. Последните подготовки се во полн ек. Во …
Continue Reading
Власта денес го полага испитот за доверба: нема простор за политички калкулации, присуство на седницата за Кочани е должност, велат од партијата Левица
„Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, уште еднаш јавно ги повикуваме пратениците од власта да не бегаат и да се одважат пред родителите и народот со присуство на седницата“, велат од партијата Левица. „Нема простор за ароганција и партиски калкулации. Поминаа девет месеци од трагедијата што однесе млади животи, …
Continue Reading
Истражување врз 30 милиони луѓе: Вакцините против коронавирусот не ја зголемуваат смртноста
Голема француска студија на речиси 30 милиони возрасни лица потврди дека вакцините против болеста Ковид-19 не доведоа до зголемена стапка на смртност. Покрај тоа, истражувањето покажа дека ризикот од смрт во рок од четири години од почетокот на вакцинацијата е за 50 проценти поголем кај невакцинираните луѓе во споредба со вакцинираните луѓе, пишува „РФИ“. Во студија објавена во научното списание …
Continue Reading
Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени
Скопје, 9 декември 2025 – Еурофарм, еден од најпрепознатливите фармацевтски брендови во државата, оваа година одбележува значаен јубилеј – 25 години од започнувањето на развојниот пат од една аптека до национална мрежа која ја сочинуваат 123 современи аптеки, и препознатлива улога во македонскиот фармацевтски сектор и заедницата. Целата приказна за досегашниот развој на Еурофарм е преставена преку видео. Основана …
Continue Reading
2025 година би можела да се изедначи со втората најтопла година во историјата на мерењето
Планетата е на добар пат да ја забележи втората најтопла година во историјата на мерењата, изедначувајќи се со 2023 година, по рекордно високото ниво во 2024 година, соопшти во вторник службата за следење на глобалното затоплување на Европската унија. Изминатите 10 години беа 10-те најтопли години досега, соопшти Светската метеоролошка организација претходно оваа година. Податоците од службата за климатски промени …
Continue Reading
Литванија ја обвинува Белорусија за хибриден напад поради балоните со цигари, воведена е вонредна состојба
Литванија прогласи вонредна состојба откако балони за кои вели дека се пуштени од шверцери од Белорусија повторно го нарушија воздушниот сообраќај и ја загрозија јавната безбедност. Метеоролошките балони што се користат за пренос на шверцувани цигари го принудија аеродромот во Вилнус неколку пати да ги прекине операциите, предизвикувајќи итен одговор од литванските власти, пишува Ројтерс. „Не станува збор само за …
Continue Reading