Утре сончево и топло време, попладне локално невреме

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал …

Continue Reading

Шведска испраќа воени авиони и бродови за да ѝ помогне на Финска

Шведската војска ќе учествува во надзорот и заштитата на финската територија со борбени авиони барем до крајот на 2026 година, објавија денес Финските одбранбени сили. „Шведската опрема особено го зајакнува воздушниот надзор, ослободувајќи ги сопствените ресурси на Финските одбранбени сили за одвраќање на инциденти, доколку е потребно“, соопшти финската војска. Соседните земји, двете најнови членки на НАТО, веќе имаат тесна …

Continue Reading

Четири земји од ЕУ бараат нови начини за користење на замрзнатите руски средства за Украина

Холандија, Полска, Шпанија и Шведска денес побараа Европската Унија да ја преиспита можноста за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина, проценувајќи дека договорениот заем од 90 милијарди евра нема да биде доволен за потребите на Киев. Министрите за надворешни работи на четирите земји, во писмо до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, и министерката за …

Continue Reading

Митовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на рударите, на која годинава беше одбележан и значајниот јубилеј – 10 години успешно работење на „Булмак 2016“ и рудникот „Тораница“. Во присуство на бројни гости, претставници на компанијата и рудари, Митовски упати честитки по повод празникот и оддаде признание на генерациите рудари кои со својот труд, …

Continue Reading

Силвестер Сталоне го прослави 30-тиот роденден на ќерката Софија со емотивна објава

Силвестер Сталоне го одбележа 30-тиот роденден на својата најстара ќерка Софија со објава на социјалните мрежи. Актерот сподели серија фотографии на Инстаграм, вклучувајќи една од нејзиното детство, со натпис „Малото девојче на тато“. „Нè правиш горди 30 години. Среќен роденден на мојата неверојатна ќерка Софија! Те сакаме засекогаш“, напиша Сталоне. Софија одговори: „Те сакам, тато!“ View this post on Instagram …

Continue Reading

Уапсени 16 возачи, девет возеле без возачка

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, …

Continue Reading

Непал ги одбива странските спасувачи: „Засега, не ни е потребна таква помош“

На Непал сè уште не му е потребна странска помош во операциите за пребарување и спасување по катастрофалните поплави што погодија неколку градови, соопшти Министерството за надворешни работи, и покрај понудите за помош од неколку земји чии државјани исчезнаа во катастрофата. Поплавите, меѓу другото, го погодија округот Расува во близина на кинеската граница, срамнувајќи цели градови, оштетувајќи хидроелектрани и одземајќи …

Continue Reading

Детали за несреќата во Словенија: Загинаа деца од 4 и 11 години, се возеле на задните седишта без појаси

Две деца на возраст од 4 и 11 години и една жена на возраст од 74 години, тројцата македонски државјани, загинаа во несреќата што се случи во Словенија, објавија локалните медиуми. Тешката сообраќајна несреќа се случи на автопат во близина на Унец кога возачот на автомобил удрил во паркиран камион. „Возачот на патничко возило Ауди А4 со италијанска регистрација прво …

Continue Reading

Загина работник во Елшани, паднал од бандера

Вработен во телекомуникациска компанија загина додека извршувал работни задачи во Елшани, Охрид. Според информациите на МВР, вчера во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Н.К.(48) од охридското село Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, при извршување работни задачи во селото Елшани, паднал од бандера. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршија јавен …

Continue Reading