Путин ја обвини ЕУ за „пљачка сред бел ден“ на рускиот имот

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Европската Унија за обид за кражба на руски имот сред бел ден. Путин изјави дека на Украина и на Европа е да го направат следниот чекор кон мир. „Претседателот Трамп вложува сериозни напори да го запре овој конфликт. Тој го прави тоа со целосна искреност“, рече Путин. „Топката целосно е во полето на нашите …

Continue Reading

Полскиот претседател пред Зеленски: Украина недоволно ја цени нашата помош

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска му рече на својот украински колега Володимир Зеленски дека Украинците недоволно ја ценат полската помош во војната против Русија. Обвинувањето, изнесено на заедничка прес-конференција во Варшава, потсетува на драматичниот судир меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во февруари, кога американскиот потпретседател Џ. Д. Венс го обвини украинскиот лидер за непочитување и …

Continue Reading

НА ГОЛЕМА ХУМАНИТАРНА МАНИФЕСТАЦИЈА-ПОДЕЛЕНИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА РАДОСТ НА НАЈМЛАДИТЕ

Над 3500 новогодишни пакетчиња беа поделени денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во рамки на големата хуманитарна манифестација организирана од Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан Медиа“, со поддршка на Општина Охрид, Дебарско-Кичевската епархија и општествено одговорни компании. Пакетчиња им беа поделени на дечињата од охридската градинка, на првачињата од сите основни …

Continue Reading

Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник

За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до …

Continue Reading

Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор

Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини. Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен …

Continue Reading

Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра. „Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две …

Continue Reading

(Видео) МВР со засилени превентивни и репресивни мерки против употребата на пиротехнички средства

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“. Кампањата се реализира во организација …

Continue Reading

Отворен почесен конзулат на Австрија во Битола

Денеска во Битола беше отворен конзулатот на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски. Конзулатот на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“. На свеченоста која се одржа се обрати австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, конзулот Игор Божиновски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Градоначалникот Коњановски пред присутните …

Continue Reading

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „По даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во соработка со Општина Бутел и ЈП „Водовод и канализација“, со што ќе …

Continue Reading