Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори. Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро. – Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, …

Continue Reading

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот Аеродром Скопје има пет откажани, два пренасочени и шест летови со доцнење. Од 12 часот временските услови се подобрени, така што три лета пристигнаа, еден полета, а три лета се спремни да полетаат, информираат од ТАВ Македонија. Од ТАВ Македонија …

Continue Reading

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот  М.Н. од Велес откако  при контрола на ул. „Благој Ѓорев“  утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник. Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го …

Continue Reading

Мицкоски се фотографираше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев

Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските …

Continue Reading

Ја претепал вонбрачната партнерка со трпезариска столица, па ја силувал откако тешко ја повредил

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата …

Continue Reading

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста. „Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, …

Continue Reading

Петрушевски: Раководството на ЕСМ местело тендери и перело милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, Бујар Дардишта, и уште 32 лица се осомничени за перење пари во износ од околу 2 милиони евра, стекнати преку, како што се тврди, наместени тендери вредни околу 8 милиони евра. Ова на прес-конференција го соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според Петрушевски, криминалното раководство на ЕСМ во 2023 година, под …

Continue Reading

Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, …

Continue Reading

Возач на ауди прегази полицаец и избега

Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре. Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На …

Continue Reading