Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social. Белата куќа и …

Continue Reading

Дел од Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)

Continue Reading

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, …

Continue Reading

За пет знаци 2026 година ќе биде финансиски фантастична година

Претстојната 2026 година носи неверојатни финансиски можности за пет хороскопски знаци за кои Универзумот ќе биде особено поволен. Избраните хороскопски знаци ќе изгледаат како да заработуваат пари со леснотија, честопати како резултат на мали, секојдневни навики кои ќе направат значителна разлика до крајот на годината. Клучот за успех лежи во одржувањето на смирен и оптимистички став кон финансиите, дури и …

Continue Reading

Без вода дел од Карпош

ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

Continue Reading

Променливо облачно и тивко со појава на магла

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне …

Continue Reading

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди. Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.  Назим Авдиу и сопругата на Шкелзен ги …

Continue Reading

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја. – Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс. Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна. – Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во …

Continue Reading

Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците

Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните. Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција. Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да …

Continue Reading