Усвоен буџетот на Општина Илинден за 2026 година
Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 742.557.000 денари, односно над 12,5 милиони евра. „Споредбено со минатата година, може да се забележи значителен пораст во средствата со коишто ќе располага Општината. При неговото креирање беа земени предвид остварените приходи и расходи од претходните години, како и реалните проекции за приходите во 2026 година. Буџетот има …
Continue Reading
На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен
Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти ТАВ Македонија. „Од 20:00 часот, вчера, 21 декември 2025 година до 12:00 часот напладне денеска, 22 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна откажани се следниве 3 лета во …
Continue Reading
„Џез под ламба“ повторно во Центар, магична божиќна атмосфера со Мартина Елиора и нејзиниот бенд
Општина Центар на 27 декември, со почеток во 19:00 часот, ќе го одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанската амбасада. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во џез верзии на најпознатите новогодишни и божиќни песни во изведба на Мартина Елиора со нејзиниот бенд, но и да пробаат греано вино и печени костени. „Ги поканувам сите љубители на добрата …
Continue Reading
Потпишан договор за соработка во образованието и науката помеѓу Македонија и Турција
Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во сферата на образованието, науката, технологијата и иновациите. Со Договорот што го потпишаа министрите за образование и наука на Македонија и на Турција, Весна Јаневска и Јусуф Текин, двете држави ќе соработуваат и разменуваат информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование и ќе поттикнуваат размена на академици, експерти за образование, …
Continue Reading
Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор. Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми. По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува …
Continue Reading
Муцунски домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје беше домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во прва официјална посета на нашата земја. На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка меѓу двете земји, европската перспектива, како и за можностите за понатамошно унапредување и динамизирање на односите во …
Continue Reading
ФФМ го назначи Гоце Седлоски е нов селектор на фудбалската репрезентација
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да го назначи Гоце Седлоски за нов селектор на националнит тим. Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ (претседател на ФФМ), Горан Пандев ( директор …
Continue Reading
(Видео) Дупка проголта бродови: Вонредна состојба во британска област
Во британската област Шропшир е прогласена вонредна состојба откако во канал кај градот Вичрч се отворила голема дупка, која полицијата ја опиша како понор. Во инцидентот два брода пропаднале во отворот, додека уште два останале опасно да висат на самиот раб, јави Би-Би-Си. Фотографиите од местото на настанот покажуваат целосно уривање на дел од пловниот пат, при што водата од …
Continue Reading
(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот
Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со …
Continue Reading