(Видео) Трамп за Макрон: Никој не го сака во „Комитетот за мир“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 проценти за француските вина и шампањи поради одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја отфрли поканата на американскиот лидер да се приклучи на неговиот проект „Комитет за мир“. Комитетот првично беше замислен да ја надгледува реконструкцијата на Газа, но сега се чини дека е проширен на поширока …

Continue Reading

Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата. Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги …

Continue Reading

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино. „Денеска предметниот јавен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги …

Continue Reading

Вучиќ од Давос: Светот оди во луда насока

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, дека претстојат тешки времиња бидејќи светот оди во „луда насока“ поради конфликтот меѓу ЕУ и САД околу Гренланд. Вучиќ рече дека не може да зборува за некои важни прашања до утре во 15 часот, но нагласи дека српската делегација ги сослушала Урсула фон дер Лајен и …

Continue Reading

Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра

Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи …

Continue Reading

Арбелоа: Знам кој ги организира акциите за да го ослабне Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одржа прес-конференција пред натпреварот од Лигата на шампионите против Монако, кој ќе се игра вечерва во 21 часот. Коментирајќи ги свирежите на дел од публиката на „Сантијаго Бернабеу“, Арбелоа застана во одбрана на бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор. „Сакам и очекувам поддршка од „Бернабеу“ за сите играчи, а пред сè за Винисиус“, рече тренерот. Тој …

Continue Reading

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар) Моторен …

Continue Reading

„Односите меѓу САД и Европа никогаш не биле поблиски“: Министерот за финансии на САД во Давос

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, денес изјави дека односите на САД со Европа остануваат силни и ги повика трговските партнери да „воздивнат длабоко“ и да дозволат тензиите предизвикани од новите закани за царини на администрацијата на Доналд Трамп во врска со Гренланд „сами од себе да се решат“. „Не мислам дека нашите односи некогаш биле поблиски“, рече Бесент, …

Continue Reading

Цариниците запленија девизи, злато, музички инструменти и домашна ракија

Царински службеници и мобилни царински тимови во различни случаи открија неколку обиди за шверц на разна стока и тоа девизи, злато, цигари и бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија. 13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца грчки државјани кои се пријавиле за …

Continue Reading