Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски. „Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто …
Continue Reading
Вучиќ: Воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб го загрозува мирот во регионот
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Младеновац дека е сериозно загрижен за воениот сојуз формиран од Тирана, Приштина и Загреб, нагласувајќи дека не станува збор за воено-техничка соработка, туку за сојуз кој има јасен одбранбен, но и потенцијално офанзивен карактер. Вучиќ изјави дека во случај на класична соработка во областа на набавка на оружје меѓу Хрватска и Албанија, ова не …
Continue Reading
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата. Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим. Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните. Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ. Според опозициската партија, со ваквата …
Continue Reading
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка. Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри. …
Continue Reading
Жалам за ситуацијата во која го доведов кралското семејство: Норвешката принцеза се извини за дружењето со Епстин
Норвешката крунска принцеза Мете-Марит за прв пат јавно проговори во врска со новите документи од истрагата против Џефри Епстин, во кои нејзиното име се појавува повеќе од илјада пати. Во изјава објавена од шведскиот весник „Афтонбладет“, принцезата јасно се дистанцира од Епстин, се извини на јавноста и призна дека е свесна за сериозноста на обвинувањата и реакциите што следеа. Во …
Continue Reading
Мерц: ЕУ е секогаш подготвена за разговори со Русија
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Европската Унија е секогаш подготвена за разговори со Русија во обид да се стави крај на војната во Украина, но дека нема да отвори никакви паралелни канали за комуникација. „Секако, секогаш сме подготвени за разговори со Русија“, изјави Мерц пред новинарите во Абу Даби, пренесува Ројтерс. Тој рече дека во моментов се водат …
Continue Reading
Европската комисија предлага нов пакет санкции против Русија
Европската комисија предложи 20-ти пакет санкции против Русија насочени кон енергетиката, финансиските услуги и трговијата, со цел да се усвои пред четвртата годишнина од војната на 22 февруари. „Комисијата предлага нов пакет санкции, 20-ти од почетокот на руската агресија врз Украина“, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. Новиот пакет предлага целосна забрана за поморски услуги за транспорт на …
Continue Reading
(Видео) Андалузија во вонредна состојба, властите стравуваат од нови поплави
Бурата „Леонардо“ предизвика големи поплави во Андалузија, кои принудија евакуација на околу 8.600 луѓе, додека една жена почина откако беше однесена од поројна вода во покраината Малага. Во Кордоба, нивото на водата на реката Гвадалкивир е на критично ниво, бидејќи сегашното ниво од 5,5 метри е двојно повисоко од нивото за црвена тревога, а Римскиот мост на таа река е …
Continue Reading
Лавина во Словачка: има загинати
Најмалку две лица загинаа денес во лавина во планинскиот масив Високи Татри на север од Словачка, соопшти полициската управа на регионот Прешов. Трагедијата се случила кратко по 11:00 часот во Зломишкова долина, во подножјето на врвот Тупа, пренесува TASR. Според првичните информации, лавината затрупала двајца мажи кои биле во областа. Полицијата потврди дека жртвите се странски државјани, но засега не …
Continue Reading