Куба обвинува за американски притисоци врз државите пред гласањето за ембаргото

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, ги обвини САД дека им се закануваат со санкции на земјите што следната недела во Обединетите нации ќе поддржат резолуција со која се бара укинување на американското ембарго против Куба. „Стејт департментот врши невиден притисок за да ги принуди земјите членки на ОН да го променат начинот на гласање“, изјави Родригез. Според него, …

Continue Reading

Јавна дискусија за новиот закон за организација и работа на државната управа

Во рамките на јавната стручна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа, организирана од Министерството за јавна администрација, доц. д-р Константин Битраков, експерт по управно право и јавна администрација од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ги презентираше предложените законски решенија, нивната правна основа и значењето за идната организација …

Continue Reading

Илјадници граѓани протестираа во Грција поради условите во образованието и високите трошоци за живот

Илјадници ученици, студенти и наставници денеска излегоа на протести низ Грција, барајќи поголеми вложувања во образованието, подобри услови во училиштата и на факултетите. Според полициските податоци, околу 10.000 лица мирно протестирале во центарот на Атина и нејзините предградија, а протести се одржале и во други грчки градови. Демонстрантите изразиле солидарност со граѓаните во Франција и други европски земји, каде што …

Continue Reading

За нив бракот е голем предизвик: три знаци кои не поднесуваат рутина

За некои луѓе бракот претставува сигурност, блискост и заедничка иднина, додека други тешко ја прифаќаат помислата дека треба да се откажат од дел од својата слобода. Иако можат искрено да сакаат, нивната потреба за независност и личен простор понекогаш го отежнува заедничкиот живот. Според астролошките толкувања, три хороскопски знаци особено тешко ги прифаќаат ограничувањата што ги носи бракот. Стрелец – …

Continue Reading

Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе …

Continue Reading

Дел од улицата Луј Пастер утре ќе остане без вода

Дел од улицата Луј Пастер во Скопје утре (22 октомври) ќе остане без вода поради дефект на приклучна цевка на улицата „Даме Груев“ број 4. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. …

Continue Reading

Кремљ: Подготвени сме да преговараме со Украина за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф дека Москва начелно е подготвена следниот месец да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон за завршување на војната во Украина, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Такви преговори не се одржани од февруари. Ушаков изјави дека новата рунда преговори треба да биде насочена кон „изградба на безбедносен …

Continue Reading

Зеленски откри на каков договор би се согласил за крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би размислил за замрзнување на сегашните линии на фронтот со цел да се постигне мировен договор со Русија и повеќегодишната војна да заврши по дипломатски пат. Во гостувањето во средата наутро во емисијата „Фокс енд Френдс“, Зеленски изјави дека е подготвен веднаш да ги запре борбите, иако руските сили се соочуваат со значителни тешкотии …

Continue Reading

Со јапонска донација од над 80.000 евра реконструиран дел од покривот на училиште во Битола

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола успешно е завршена реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија, во вредност од 80.314 евра. Со оваа донација се придонесе за подобрување на условите во училиштето, зголемување на безбедноста и создавање поквалитетна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес. Од училиштето велат дека поддршката и инвестициите од …

Continue Reading