Беким Сали во Брисел се сретна со претставници на Европската комисија и COELA

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, по средбите со претставници на Европската комисија и COELA, изјави дека останува силната посветеност за унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведување на клучните реформи согласно европските стандарди. Тој истакна дека во фокусот на разговорите биле спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за …

Continue Reading

Муцунски се сретна со бугарската министерка, Петрова

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното …

Continue Reading

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на …

Continue Reading

Западна Европа се соочува со рекорден топлотен бран

Голем дел од Западна Европа се соочува со првиот значаен топлотен бран во годината, со температури кои ќе бидат повеќе од десет степени над просекот и би можеле да соборат рекорди на стотици места. Според прогнозите, температурите во Португалија, Шпанија, Франција и Велика Британија во петок и наредните денови ќе надминат 30 степени Целзиусови, со вредности до 32 степени во …

Continue Reading

УЈП: Преземањето на екстензии за е-Фактура да се врши исклучиво од веб страната на управата

Управата за јавни приходи ги известува компаниите кои во моментов тестираат и оние кои се вклучуваат во тестирање на системот „е-Фактура“, да се информираат и раководат исклучиво од она што е објавено на веб страната на проектот е-фактура https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/eFaktura-WebAPP, своите прашања и сугестии да ги поставуваат на адресата email protected или до даночните агенти со кои воспоставиле контакт. Дополнително, Управата за …

Continue Reading

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им врачи награди на 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од центарските градинки во Општина Центар, за нивната исклучителна посветеност, грижа и ангажман во воспитувањето и развојот на најмладите. „Вие сте темелот врз кој се гради секое детство. Во градинките се стекнуваат првите навики, првите другарства и првите вредности. Вашата улога …

Continue Reading

Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан: реафирмирани историските и духовните врски

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. Делегацијата предводена од Гаши која присуствуваше на Аудиенција кај папата е во состав: координатори на пратеничките Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку; Зоран Љутков, министер за култура; Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието; Негово Блаженство …

Continue Reading

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи

Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи. Од mинистерството известуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објават согласно законските прописи во најбрз можен рок.

Continue Reading

МЖСПП: Поддршка за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди, истакнуваат од Министерството …

Continue Reading