(Видео) Синот на поранешен соиграч му пријде на Меси – „Играше со мојот татко, ме паметиш?
Аргентинската репрезентација, актуелен светски шампион, ги заврши подготовките за Светското првенство со убедлива победа од 3:0 против Исланд во Обурн. По натпреварот, вниманието го привлече средбата меѓу Лионел Меси и синот на неговиот поранешен соиграч од Барселона, Еидур Гудјонсен. Исландскиот репрезентативец Даниел Тристан Гудјонсен му пришол на аргентинскиот ас и го потсетил на нивното старо познанство. „Ми рече: ‘Здраво, играше …
Continue Reading
Почна снимањето на филмот „Врзани“ во режија на Сара Климоска
Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска, а во продукција на Унита Филм. „Врзани“ е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот. Кога неочекуван сплет на околности ќе ја донесе пред одлука што изгледа невозможна, Ева е …
Continue Reading
Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!
По успешните проекти во Охрид, Велес и Свети Николе, иницијативата на Mozzart „Фудбалот е повеќе од игра“ пристигнува во Битола – град со богата спортска традиција и срце кое чука за фудбалот. Новиот терен ќе го носи името на легендарниот Петар Упалевски – Упале, човек кој со својата страст и посветеност остави трага што инспирира генерации. Свеченото отворање ќе се …
Continue Reading
(Видео) Багателна распродажба во Аеродром, земјиште за 2.000 денари по квадрат, Николовски, Митевски, Ристовски, кој ја турка зделката, прашува Даниловски
Секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт, продажбата на државно земјиште на атрактивни локации по багателни цени стапува на сцена. Дали овој пат, каконшро говорат информациите доставени до нас, режисери на една ваква зделка се токму Александар Николовски и Борко Ристовски а изведбата е на Дејан Митевски, прашува Марко Даниловски, советник од редовите на СДСМ. Општина Аеродром, додава тој, продава градежно …
Continue Reading
Нов удар врз џебовите на потрошувачите во ЕУ: цените на храната во Холандија скокнаа до 10 проценти
Цените на храната во Холандија би можеле да пораснат до 10 проценти во текот на следната година поради новите владини мерки и зголемувањето на трошоците за бизнис, предупреди холандската асоцијација на супермаркети CBL. Во итно писмо до владата, асоцијацијата наведе дека планираниот данок на шеќер, патарините за камиони, даноците за енергија, зголемувањето на минималната плата и минималната плата за младите, …
Continue Reading
Славески од Кина: Ценовната стабилност е главен предуслов за одржлив економски раст во услови на зголемена светска неизвесност
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, Славески истакна дека централните банки денес …
Continue Reading
Хаос пред стартот на Мундијалот: Илјадници наставници го окупираа центарот на Мексико Сити
Само неколку дена пред почетокот на Светско првенство во фудбал 2026, центарот на Мексико Сити е блокиран од масовни протести на наставници. Околу 12.000 демонстранти поставија камп во центарот на градот и блокираа неколку клучни сообраќајници, меѓу кои и авенијата „Пасео де ла Реформа“. Во текот на протестите беа урнати и дел од фигурите поставени за промоција на Светското првенство. …
Continue Reading
Нова книга на Милчо Манчевски во Италија
На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Издавач е римската куќа „Cue press“, во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери. Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша легендарниот директор на Венецискиот филмски …
Continue Reading
Заврши учебната година, за Јаневска била подобра од претходната, во следната очекува соработка со родителите за справување со врсничкото насилство
Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на …
Continue Reading