Мицкоски: Македонија денеска има најниска цена на дизелот и бензинот
„Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие 3 ипол месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту …
Continue Reading
Тешко повреден велосипедист по удар од возило
Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“, на спојување од влез-излез од објект, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(33) од Скопје и велосипед управуван од М.М.(45) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е …
Continue Reading
Молк од Зоолошката градина и од Град Скопје за бегството на волци во саботата и усмртувањето на неколку кенгури и ему птици, велат од ЛДП
Градската организација на Либерално-демократската партија – Скопје бара брза реакција од Зоолошката градина, Град Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и сите надлежни институции, по последната случка во саботата, со бегство на бели волци од кафезот кои изеле 4 кенгури и неколку ему птици. „Зоолошката градина ја следат несреќни случаи уште од почетокот на мандатот на претходната градоначалничка Данела Арсовска. …
Continue Reading
Дете од Унгарија падна од видиковец на замок: драма во Блед
Дете од Унгарија падна од платформа за набљудување во непосредна близина на замокот Блед непосредно пред 11 часот наутро и се здоби со сериозни повреди. Според полициската управа Крањ, семејство од Унгарија одело по патеката околу замокот Блед кога детето стапнало на работ, паднало и се здобило со сериозни повреди. Му била укажана помош на лице место, а потоа со …
Continue Reading
Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ја сопре финансиската помош за Македонија за таа да клекне и да го исполни барањето, а истата опасна теза ја шири опозицијата во Македонија
„Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто …
Continue Reading
Со четирицикл излетал од патот во Охридско: тешко повредена 16-годишна сопатничка
Синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата …
Continue Reading
(Видео) „Државата не постои, ние сами си ги бараме своите“: катастрофа во Венецуела, бројот на загинати скокна
Во Венецуела е прогласена вонредна состојба откако два екстремно силни земјотреси во рок од само неколку секунди го потресоа главниот град Каракас. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, имал јачина од 7,5 степени. Се бараат 9.000 луѓе Привремениот претседател прогласи вонредна состојба и зона на катастрофа. Засега има над 30 загинати …
Continue Reading
Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата …
Continue Reading
Минчев: Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовка
Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните …
Continue Reading