Странци точат до 150.000 литри гориво секој ден во Македонија, Владата засега нема да воведе ограничувања

Владата засега нема да воведува ограничувања за граѓаните од соседните држави кои ги полнат резервоарите на македонските бензински пумпи. Според премиерот Мицкоски, секојдневно во пограничните места се точат до 150.000 литри гориво, што е десет проценти од вкупниот конзум. Причина се драстично пониските цени во Македонија споредено со регионот. Од разговорите со сите поголеми снабдувачи, Мицкоски соопшти дека апсолутно нема …

Continue Reading

Електро-енергетскиот систем вo државата е стабилен, кажа Мицкоски

Електро-енергетскиот систем во земјава е стабилен, кажа премиерот Христијан Мицкоски по денешната вонредна владина седница. Тој информира дека во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80 илјади тони јаглен во Битола и 160 илјади тони во Кичево. Акумулациите, како што посочи, се на ниво од околу 40 отсто, „Tоа би било доволно …

Continue Reading

Австралиецот Мекивој најбрз во историјата

Австралискиот пливач Камерон Мекивој (31) постави светски рекорд на 50 метри слободен стил. Брилијантниот Мекивој, најкратката делница ја мина со време 20,88 секунди и победи со речиси една должина на телото на Отвореното првенство на Кина во Шенжен. Австралиецот го подобри за три стотинки резултатот со кој Бразилецот Сезар Сиело стана светски рекордер уште во 2009 година, кога сè уште …

Continue Reading

(Видео) Комо со „петарда“ ја испрати Пиза

Комо продолжува да ги меле своите противници во Серија А. Моќта на тимот, на Сеск Фабрегас, ја почувствува и Пиза. Во првиот неделен натпревар од 30-то коло на Серија А, Комо убедливо победи против Пиза со 5:0. Комо ја забележа 16-та победа во сезоната и остана три бода пред Јувентус на четвртото место на табелата. Серијата голови ја отвори во …

Continue Reading

(Видео) Страшен судир: Велосипедистка прелета преку оградата

Гледачите на женската велосипедска трка од Милано до Сан Ремо беа сведоци на морничава сцена. Во центарот на инцидентот беше 27-годишната Дебора Силвестри, која беше вклучена во сериозен судир со неколку натпреварувачки. Сè се случи на 20 километри до целта. Дебора помина најлошо, по контактот, таа излета од патеката, прелета преку заштитната ограда и падна на патот под ѕидот каде …

Continue Reading

(Видео) Сандрленд со гол во 90-та минута победи кај најголемиот ривал

Фудбалерите на Сандерленд го победија Њукасл со 2:1 како гости во 31-то коло од Премиер лигата. Ова беше 158-то „Тајн-Вир“ дерби, дуел меѓу локалните ривали и осма победа на „црните мачки“ против „страчките“ во последните девет натпревари. Њукасл по дебаклот против Барселона (7:2), во Лигата на шампионите, доживеа уште еден шок. Херој на големата победа на гостите на „Сент Џејмс …

Continue Reading

(Видео) Владата го намали ДДВ-то на горивата, поевтинување од 6 до 7 денари по литар

Владата на вонредна седница одлучи да го намали ДДВ-то за нафтените деривати од 18 на 10 отсто. Мерката стапува во сила од понеделник на полноќ и ќе важи во наредните две недели. Се очекува да доведе до поевтинување на горивата за 6 до 7 денари по литар. Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека Владата има подготвен пакет мерки и сценарија доколку …

Continue Reading

Авиоиндустријата во најтешка криза од пандемијата поради конфликтот на Блискиот Исток

Авиоиндустријата се соочува со најтешката криза од пандемијата на ковид-19, откако конфликтот на Блискиот Исток доведе до приземјување на бројни летови, пад на пазарната вредност на авиокомпаниите за повеќе од 50 милијарди долари и ризик од недостиг на гориво, објави „Фајненшл тајмс“. Со влегувањето на конфликтот во четвртата недела, челниците на авиокомпаниите предупредуваат на долгорочен раст на цените на нафтата, …

Continue Reading

Хрватската влада на итна седница поради енергетската криза

Поради нарушувањата на енергетскиот пазар предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, Владата на Хрватска одржува итна седница. Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, кажа дека Владата утре повторно ќе ги ограничи цените на горивата и дека се водат интензивни дискусии за продолжување на пролетниот пакет мерки за помош на граѓаните. „Ќе ги користиме алатките што ни се на располагање за да го …

Continue Reading