Две улици во Гази Баба утре без вода
Без вода утре ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Гемиџиска“, крак 1 и крак 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато утре, 8 јули, …
Continue Reading
Отворена изложбата „Живи артефакти – Трансцеденција“ на Филип Јовески во КИЦ Тирана
Во Македонскиот културно информативен центар во Тирана, вчера вечер (06.07.2026) се отвори изложбата „Живи артефакти – Трансцеденција“ на Филип Јовески. Изложбата привлече големо внимание и донесе бројни посетители, поради уникатниот спој на традиционалната уметност и современите технологии. Постетителите имаа можност интерактивно да ја следат изложбата, бидејќи дел од уметничките дела оживуваа преку мобилна апликација. Изложбата на Филип Јовески донесе една …
Continue Reading
Стојаноски: Сè што ќе договори опозицијата за Изборниот законик ќе прифатиме, сè додека дијаспората може да гласа
ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати договорот што опозициските партии ќе го постигнат за измените на Изборниот законик, сè додека се овозможи дијаспората да гласа на изборите, изјави пратеникот Бојан Стојаноски по денешната средба на работната група. Стојаноски рече дека на средбата било разговарано за ставовите на политичките партии и за предлозите поврзани со гласањето на дијаспората. „Нашиот предлог беше прво електронско …
Continue Reading
Мартинез замина, познато е името на новиот португалски селектор
Роберто Мартинез повеќе не е селектор на Португалија, нешто што беше познато и пред елиминацијата од Светското првенство, а негова замена ќе биде, искусниот стратег, Жорж Жезус. Трофејниот тренер го прифати најголемиот предизвик во својата кариера на 71-годишна возраст. Жорж Жезус го заврши својот договор со Ал Наср, во кој пристигна минатото лето со главна и единствена цел да ја …
Continue Reading
ЛДП: ЕУ воведува флексибилност на границите
Либерално-демократската партија соопшти дека Европската комисија најавила дополнителна флексибилност во примената на новиот систем за влез и излез (ЕЕС), само еден ден по Конгресот на АЛДЕ во Виена, на кој била усвоена итна резолуција против малтретирањето на граѓаните на границите на Европската Унија. Според ЛДП, резолуцијата била предложена од партијата и сестринските партии од ЛИБСЕН и усвоена со големо мнозинство. …
Continue Reading
ДУИ: Северна Македонија на Самитот на НАТО со делегација без Албанци
ДУИ реагира на составот на македонската делегација на Самитот на НАТО во Турција, наведувајќи дека во неа нема ниту еден претставник Албанец. Од партијата оценуваат дека ваквиот состав на делегацијата е „одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор“. „Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на …
Continue Reading
Анчелоти ќе остане селектор на Бразил
Карло Анчелоти останува селектор на бразилската репрезентација и покрај горчливиот пораз од Норвешка со 2:1 и елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Искусниот италијански стручњак и Бразилската фудбалска федерација (CBF) изјавија дека имаат долгорочен проект, иако репрезентацијата го забележа најлошиот резултат на Светските првенства од 1966 година. Сонот на Бразил за освојување на шестата титула светски шампион заврши во Њу …
Continue Reading
74-годишен возач во Охрид удрил во жена, со тешки повреди пренесена во болница
74-годишен возач во Охрид удрил во жена. Таа со тешки повреди е пренесена во болница. Според информациите на СВР-Охрид, вчера во 21:12 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патнички автомобил „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(74) удрил во пешакот М.Т.(84), двајцата од Охрид. При тоа, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во …
Continue Reading
Уапсена велешанка поради обид за убиство врз вонбрачниот сопруг
Полицијата уапси 30-годишна велешанка осомничена за обид за убиство. врз вонбрачниот сопруг. Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за …
Continue Reading