Сали го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот, во рамки на активностите организирани за „Денови на отворен театар“. Заедно со директорот на Албанскиот театар, Исмет Рамадани, ги посетија внатрешните простории на институцијата, каде одблизу се запознаа со условите во кои се одвива уметничката работа, како и со …
Continue Reading
Божиновска-Ју: Модернизацијата во енергетиката и зелената транзиција клучни за енергетска одржливост
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, директорка на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија. Оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои посебен акцент е ставен на модернизацијата на системите за централно …
Continue Reading
Мицкоски: Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, инвестираме во него
Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата, инвестираме во него, одговори премиерот, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во однос тоа дека опозицијата и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинија дека не се инвестира во образованието. „Па видете, недалеку од овдека се инвестира, да речеме во еден модерен нов студентски дом. Којшто во времето на претходната Влада, беше …
Continue Reading
Со „тојота“ удрил во метална канделабра на патот Кавадарци-с.Моклиште : возачот тешко повреден а три лица се здобиле со полесни повреди
Во ОВР Кавадарци вчера во 15:35 часот е пријавено дека на регионален пат Кавадарци-с.Моклиште, кавадаречко, патничко возило „тојота“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Кавадарци, удрило во метална канделабра. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Д.Т.(18), Љ.Г.(19) и М.С.(18), сите од Кавадарци, констатирани во Општа болница …
Continue Reading
Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2.000 шахти
Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите. Во рамки на акцијата беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна …
Continue Reading
Тешко повреден 16-годишен сопатник на мопед во сообраќајка со автомобил: возачот на мопедот побегнал
Вчера во 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Војвода Васил Чакаларов“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната С.Ѓ.Б. од Скопје и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од …
Continue Reading
Тошковски: По повеќе од 20 години го враќаме средното полициско училиште
По повеќе од 20 години, го враќаме средното полициско училиште, кое ќе биде темел за рано градење дисциплина, физичка подготвеност, психолошка стабилност и чувство за служба кај идните генерации полицајци, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност – Скопје. Тој додаде дека …
Continue Reading
Уапсен скопјанец: со возило удрил во тротинет а потоа и го претепал возачот
Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 16:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје. Тој околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв“ удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе …
Continue Reading
Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови
Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор. „Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за …
Continue Reading