СДСМ обвинува дека во болниците е хаос и две недели на Онкологија недостигаат лекови

Веќе две недели на Клиниката за онкологија недостигаат основни лекови за пациентите со рак, соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ на прес-конференција одржана од Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на партијата. Меѓу недостасните терапии се лекови како Фезго, Палбоциклиб и Рибоциклиб, кои се неопходни за продолжување на третманот. Според Младеновска, пациентите се соочуваат со неизвесност, страв и …

Continue Reading

На Италија и судеше во поразот од Македонија, сега ќе го суди и клучниот меч во Зеница

Решавачкиот натпревар од плејофот за пласман на Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Италија, кој е закажан за вторник, ќе го суди француски судиски тим предводен од Клемент Турпан. Назначувањето на Турпан не буди убави спомени во Италија. Имено, тој беше судија во поразот од Македонија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2022 година. Тогаш …

Continue Reading

Кај Виница најдено починато машко лице со прострелна рана од оружје

Во близина на Виница е пронајдено тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство. Увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а согласно првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов. Во рамки на истрагата се задржани тројца странски државјани и …

Continue Reading

Легендарниот Мирчеа Луческу итно хоспитализиран

Селекторот на Романија, Мирчеа Луческу, бил итно префрлен во болница откако на тренингот доживеал срцев удар, соопшти Фудбалската федерација на Романија (ФСР). „Романската фудбалска федерација сака да ја информира јавноста и претставниците на медиумите за медицинскиот инцидент што се случи денес во тренинг кампот на романската репрезентација. За време на техничкиот состанок што му претходеше на последниот тренинг пред заминувањето …

Continue Reading

Поради војната во Иран загрозени цените на храната

Земјоделците ширум светот веќе го чувствуваат притисокот од војната во Иран, која предизвика глобален недостиг на ѓубрива и може да влијае на цените на храната, велат земјоделските експерти. Заменик-извршниот директор на Светската програма за храна, Карл Скау, изјави дека најсиромашните земјоделци во северната хемисфера се потпираат на увоз на ѓубрива од Персискиот Залив и дека недостигот се појавил токму кога …

Continue Reading

Ферстапен размислува да ја заврши кариерата

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, размислува да ја заврши кариерата на крајот од 2026 година. Макс Ферстапен е најмладиот дебитант во историјата на Формула 1 и четирикратен шампион на ова натпреварување. Неговиот тим, Ред Бул, се мачи многу оваа сезона (како и сите други кои не се Мерцедес). Траката во Јапонија ја заврши на осмата позиција. По трката беше …

Continue Reading

Украина пак го запали руското пристаниште за извоз на нафта во Балтичкото Море

Украински напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст-Луга на Балтичкото Море, соопшти денеска на Телеграм гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко. Руските сили собориле 31 дрон во регионот, рече Дрозденко. Уст-Луга е клучно пристаниште за извоз на сурова нафта, течен природен гас, ѓубрива и јаглен. Пристаништето беше нападнато и претходно неделава, кога беа оштетени танкери, магацини и станици за …

Continue Reading

(Видео) Оли Бернман не е повреден по страшната несреќа

Младиот возач на Хас, Оли Берман, имаше речиси фатална несреќа на Големата награда на Јапонија. Берман имаше одличен почеток на сезоната, но Сузука нема да ја памети по добро, по ужасната несреќа. Во 22-от круг од трката, Берман излета од патеката со голема брзина. По скенирањето беше објавено дека нема скршени коски и дека има контузија на коленото. Тимот на …

Continue Reading

Од понеделник променливо облачно и посвежо време

Во текот на претстојната недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Како што информира УХМР, под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утре ќе биде …

Continue Reading