Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата …

Continue Reading

(Видео) „Лефти и Рајти“ – како течеше снимањето на гласовите за анимираниот филм

Објавен е видеоматеријал „зад сцената“ од снимањето на гласовите за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти“, кој открива дел од процесот на синхронизација на ликовите. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Јелена Јованова (Лефти), Гораст Цветковски (Рајти), Изабела Јакимова (Јакната Јасна), Ева Скендеровска (Дреска) и Тања Кочовска како наратор. Во видеото учествуваат и статистите Јана и Миа Велеви, како и …

Continue Reading

Денес ќе се одлучува дали ќе биде прогласена епидемија во Гостивар, се апелира граѓаните да соработуваат со епидемиолозите

Во текот на денешниот ден ќе биде донесена одлука дали на подрачјето на Гостивар ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, изјави раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, Драган Кочински. Тој посочи дека Институтот е во постојана комуникација со Центарот за јавно здравје и дека сите мерки за контрола и превенција веќе се спроведуваат. „Во комуникација …

Continue Reading

Во Гостивар за едно деноноќие над 350 прегледи поради гастроентероколит, тројца хоспитализирани

Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според податоците, во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар биле извршени 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани. …

Continue Reading

Стружанец со 2,56 промили алкохол предизвикал сообраќајка, одземено му е возилото

Четириесет и петгодишен стружанец е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај струшкото село Калишта. Како што соопшти МВР, настанот се случил на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал „тојота“ со струшки регистарски ознаки, а при увидот полициските службеници констатирале дека имал 2,56 промили алкохол во крвта. По …

Continue Reading

Локацијата во Вруток и натаму обезбедена, резултатите од анализите се очекуваат утре

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а …

Continue Reading

За нив самотијата не е проблем: четири знаци што најлесно живеат без партнер

Додека некои луѓе тешко го замислуваат животот без партнер, други одлично се чувствуваат и кога се сами. Според астролозите, четири хороскопски знаци особено ја ценат својата независност и не ја врзуваат среќата исклучиво со љубовниот статус. Водолија ја сака слободата и можноста сама да одлучува за својот живот. Во врска влегува само ако партнерот ја почитува нејзината независност. Стрелецот ужива …

Continue Reading

ИЈЗ со препораки до гостиварци: Не ја користете водата од водоводот за пиење, ниту по превривање

Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување …

Continue Reading

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува дека нема реформи и дека правосудството е под политички притисок

Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото покажува дека во земјава нема реформи, корупцијата останува широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци, изјави денеска Александар Наумоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е …

Continue Reading