Со 4,7 милиони денари почна реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денес е во работна посета на Општина Зрновци каде почна реализацијата на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ , кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу …
Continue Reading
Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции
Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот …
Continue Reading
Продолжува намалувањето на бројот на новозабплени во Гостивар, прегледани 197 нови пациенти со стомачни тегоби
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три …
Continue Reading
Кавадарчанец уапсен за измама тешка 9.000 евра
Полицијата уапси 32-годишен кавадарчанец осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ посредување за добивање странски пасош. Како што соопшти МВР, М.Д. (32) бил приведен на 23 јули во 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, по претходна пријава од оштетената. Според пријавата, осомничениот првично ѝ ветил дека за 400 евра ќе посредува за добивање странски …
Continue Reading
Во понеделник четиричасовен штрајк на грчките цариници, ограничен сообраќај на Евзони, Дојран и Меџитлија
Министерството за внатрешни работи ги извести граѓаните дека во понеделник, 27 јули, во утринските часови ќе се одржи штрајк на царинските службеници на неколку гранични премини во Грција, поради што ќе има ограничувања во сообраќајот. Според информациите што МВР ги добило од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одвива на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники …
Continue Reading
Работник од Индија се превртел со товарно возило на автопатот Кичево–Охрид
Дваесет и петгодишен работник од Индија е пренесен во болница откако со товарно возило се превртел на автопатот во изградба Кичево–Охрид. Според полициските информации, С.Ј. (25) од Индија, кој работел на изградбата на автопатот, управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, кога изгубил контрола и се превртел. Со медицинско возило бил пренесен во Општата болница во Кичево. Увид на …
Continue Reading
15-годишник со мопед излетал од патот во Охрид, тешко повредени тој и 17-годишна сопатничка
Двајца малолетници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Охрид, откако мопед излетал од патот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска во 00:35 часот и се случила на улицата „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид. Според информациите, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил …
Continue Reading
СДСМ со лански извештај за водата во велешко село создава паника кај граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од …
Continue Reading
МНТ ја заокружи сезоната со 12 премиери, меѓународни гостувања и бројни признанија, следува „Три сестри“
Македонскиот народен театар ја заокружи сезоната 2025/2026 со нови премиери, значајни награди и бројни меѓународни гостувања и ја одбележа 80 годишнината на театарот. Воедно и ја најавува новата сезона со премиера на претставата „Три сестри“. Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, …
Continue Reading