Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија

noto.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот е на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари во кој загинаа 230 лица. Според телевизијата NHK, локалните власти соопштија дека засега не е забележана материјална штета.

Афтершок со јачина од 4,8 степени се случи 10 минути по првиот земјотрес.

Јапонија често доживува земјотреси, а во обид да ги ограничи нивните последици, применува исклучително строги правила за градба.

Катастрофата во Фукушима во март 2011 година, по разорниот земјотрес и цунамито кои следеа и ја оштетија нуклеарната централа, се уште е длабоко запаметена кај населението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK