Израел до своите граѓани: Не патувајте на Малдивите

maldivi-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Малдивите најавија дека ќе забранат влез во земјата на сопствениците на израелските пасоши поради израелската војна против Хамас во Газа.

Претседателската канцеларија на островската држава во Индискиот Океан, позната по своите луксузни одморалишта и бескрајните плажи со бел песок, го објави ова вчера преку соопштение за медиумите.

Претседателот на Малдивите, Мохамед Муицу, одлучи да воведе забрана по препорака на владата, се вели во соопштението за печатот. Законите во земјата ќе бидат изменети и ќе биде формиран владин поткомитет кој ќе ги надгледува овие напори, соопшти кабинетот на претседателот, пренесува Си-Ен-Ен.

По веста за забраната, израелското Министерство за надворешни работи им препорача на Израелците да избегнуваат патување на островот, а „на израелските граѓани кои живеат во земјата им се советува да размислат за заминување, бидејќи ако западнат во неволја од која било причина, ќе им биде тешко да добијат помош“.

Претседателот Муицу, исто така, ќе назначи специјален пратеник за да ги процени потребите на Палестина и да воспостави кампања за собирање средства за „да им помогне на браќата и сестрите од Малдивија во Палестина“. Муицу ќе одржи и национален митинг под слоганот „Falastheenaa Eku Dhivehin“, што во превод значи „Малдиви во солидарност со Палестина“.

Веста доаѓа само неколку дена откако претседателот на Малдивите го осуди израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп во Рафа, во кој загинаа најмалку 45 Палестинци, а повеќе од 200 беа ранети.

„Заедно со владата и народот на Малдивите, повикувам на итен прекин на огнот, крај на насилството и непречен хуманитарен пристап“, објави тој тогаш на X.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK