Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Кина-сака-да-посредува-меѓу-Иран-и-Пакистан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде здробен на парчиња и ќе се соочи со уништување. Тој ги обвини надворешните сили дека го вовлекле островот во опасна ситуација.

Во говорот на дијалогот Шангри-Ла во Сингапур, најголемиот азиски одбранбен самит, Донг рече дека Пекинг е посветен на мирно обединување со Тајван, но дека е подготвен за сите видови екстремни ситуации и дека секој обид за да бараат независност би било залудно.

Пекинг го гледа Тајван како кинеска провинција и го опиша новоизбраниот претседател на островот Лаи Чинг-те како „опасен сепаратист“. Обраќајќи им се на претставниците на одбраната и владата во неделата наутро, Донг рече дека сепаратистите дале фанатични изјави кои го покажуваат нивното предавство на кинеската нација и предците.

„Ќе бидат заковани на историскиот столб на срамот“, нагласи тој. Ја обвини владејачката Демократска напредна партија во Тајван дека бара отцепување, пишува „Гардијан“.

„Тие се подготвени да го избришат кинескиот идентитет на Тајван и да ги прекинат социјалните, историските и културните врски преку Тајванскиот теснец“, рече тој. Верува дека и надворешните сили се обиделе да ги „охрабрат тајванските сепаратисти во обид да ја задржат Кина со помош на Тајван“.

„Овие злонамерни цели го вовлекуваат Тајван во опасна ситуација“, истакна кинескиот министер.

Претседателската канцеларија на Тајван одговори дека Кина погрешно ја претставила позицијата на тајванската влада на форумот, каде на Тајван не му е дозволено да испраќа свои претставници.

Коментарите на Донг дојдоа непосредно по состанокот со неговиот американски колега Лојд Остин, првиот разговор лице в лице меѓу двајцата шефови на одбраната во последните 18 месеци. Според информациите, средбата траела повеќе од еден час.

Донг рече дека Кина е посветена на мирно обединување, но додаде: „Кој ќе се осмели да го одвои Тајван од Кина, ќе биде смачкан на парчиња и уништен“.

„Како министер за одбрана, да бидам многу искрен со вас, ние сме подготвени за секакви екстремни ситуации што можат да се случат со независноста на Тајван и многу сме уверени во нашите способности да ја спречиме“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK