Зеленски потпиша закон кој им дозволува на затворениците да одат на фронтот

zelenski4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот за мобилизација, кој, меѓу другото, предвидува некои категории осуденици да можат да служат војска.

Според документот, затворениците ќе можат да се мобилизираат во армијата за договорна служба и ќе бидат пуштени на условна слобода. Според министерот за правда, во Украина има околу 10-20.000 осуденици, кои можеби во иднина ќе бидат мобилизирани и ќе служат во специјалните единици, пренесува РБК Украина.

Заменик-министерката за правда Елена Височка изјави дека, пред да се усвои законот, околу 4.000 илјади затвореници се согласиле да одат на фронт во замена за условно ослободување во истражувањето спроведено во април. Истовремено, одбиени се околу 4.000 осуденици со дијагностицирани заразни болести како ХИВ, хепатитис и туберкулоза.

Како што е наведено од Министерството за правда, од 15 мај 2024 година, во украинските затвори има 27.471 осуденик, меѓу кои 1.538 жени. Заменик министерот за правда додаде дека за законско функционирање потребно е носење подзаконски акти. Според неа, за околу неколку недели законот ќе биде целосно имплементиран.

Зеленски денеска потпиша и посебен закон за зајакнување на одговорноста за воени прекршоци, со кој се зголемуваат казните за оние кои не ги почитуваат правилата за мобилизација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK