Војната во Украина покажа дека Европа мора да развие заедничко производство на оружје за да се осигура дека континентот може да се зачува, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Двете години од оваа војна докажаа дека на Европа и треба сопствен арсенал и свои способности за да обезбеди одбрана и слобода“, рече Зеленски на конференцијата во Шведска преку видео врска.
Претседателот на Украина додаде дека Русија може да биде поразена, а ситуацијата на фронтот во моментов е стабилна за украинските сили, пренесува Ројтерс.