ЕУ има потреба од своја армија, вели шефот на италијанската дипломатија

eu-evropska-unija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Европската унија треба да формира своја комбинирана армија која би можела да учествува во мировните дејствија и спречувањето на конфликти, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Тој во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“ рече дека посилната европска соработка во одбраната е приоритет на партијата Форца Италија што ја предводи.

„Ако сакаме да бидеме чувари на мирот во светот, потребна ни е европска армија. И тоа е основниот услов за да имаме ефикасна европска надворешна политика“, рече тој во интервјуто објавено во неделата.

„Во свет со моќни играчи како САД, Кина, Индија, Русија – со кризи од Блискиот Исток до Индо-Пацификот – италијанските, германските, француските или словенечките граѓани можат да бидат заштитени само со она што веќе постои, имено Европската Унија“, додаде тој.

 

Европската одбранбена соработка е се повеќе на политичката агенда по руската инвазија на Украина пред речиси две години. Сепак, напорите беа повеќе фокусирани на проширување на НАТО, при што Финска, членката на ЕУ, се приклучи на алијансата минатата година, а Шведска, исто така ена пат да стане членка.

Тајани рече и дека 27-члената ЕУ треба да го рационализира своето лидерство и да има едно претседателство, наместо досегашната структура на претседателот на Европскиот совет и претседателот на Европската комисија.

Министерот за надворешни работи стана лидер на партијата Форца Италија по смртта на Силвио Берлускони минатата година. Изборите за Европскиот парламент во јуни ќе бидат првата мерка за популарноста на партијата по загубата на нејзиниот харизматичен поранешен лидер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK