Зеленски: Цел свет ги чека изборите во Америка, не ги чекајте

zelenski45.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика американските политички лидери во Вашингтон да не го чекаат исходот од американските претседателски избори во ноември за силно да и помогнат на неговата земја против руската инвазија.

„Сите го чекаат ноември. Американците го чекаат ноември, во Европа, на Блискиот Исток, на Пацификот, целиот свет гледа кон ноември и, искрено, (рускиот претседател Владимир) Путин исто така го чека ноември“, рече Зеленски, говорејќи во Институтот Роналд Реган пред самитот на НАТО.

„Време е да се излезе од сенка, да се донесат силни одлуки… да се дејствува, а не да се чека ноември или кој било друг месец“, рече украинскиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK