Вучиќ за состојбите во Европа и светот: Се што гледам, води кон катастрофа

На-Вучиќ-му-се-заканувале-со-убиство-уапсен-маж-кој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се што се случува во светот и во Европа полека води кон катастрофа и порача дека Србија ќе даде се од себе за да избегне каков било конфликт во 21 век.


„Кога возот ја напушта станицата, а потоа паѓа, оди надолу и некаде малку подалеку наидува на карпа, а под неа на пропаст. А сега размислете дали возот може да преживее паѓајќи во пропаст, а друг начин нема. А кога се оди толку стрмно, кој може да го запре – се плашам никој“, рече Вучиќ, коментирајќи ги изјавите на францускиот и рускиот претседател Емануел Макрон и Владимир Путин за вооружување.

На презентацијата на новиот електричен кинески брз воз, „Сокол“, Вучиќ на новинарите им рече дека е важно Србија да го зачува мирот, да ги зачува нацијата и народот.

„Ќе дадеме се од себе Србија во 21 век да го избегне секој конфликт, секоја војна и да се стреми во мир кон голем економски успех“, рече Вучиќ.

„Сега ги купуваме првите количини меркантилна пченица, ги зголемуваме резервите на сите прехранбени производи и земаме суровини за нашите лекови“, рече Вучиќ.

Вучиќ се осврна и на изборите за Европскиот парламент.

„Мнозинството ќе биде исто, со помала улога на социјалдемократи и „зелени“. Ќе биде поинтересен ЕП, со помалку едноумие, ќе видиме како ќе функционира“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK