Француската полиција денеска соопшти дека уапсила 26-годишен маж од украинско-руска националност, кој поседувал експлозив во хотел на северот на Париз.
Неименуван извор од француската антитерористичка единица (ПНАТ) потврди дека оваа служба го презела случајот и отворила истрага поради сомневање дека уапсениот учествувал во терористички заговор, пренесува Ројтерс.
Истиот извор рече и дека во истрагата се вклучила и француската домашна разузнавачка агенција ДРМ.
Телевизијата БФМ, повикувајќи се на извор запознаен со случајот, објави дека уапсениот се обидувал да направи експлозивна направа.