(Видео) Словачкиот премиер: Му простувам на мојот напаѓач

fico.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Словачкиот премиер Роберт Фицо објави говор на интернет, што е негово прво појавување во јавноста откако беше тешко ранет во обид за атентат пред три недели.

Во претходно снимениот говор објавен денеска на Фејсбук, пред изборите за Европскиот парламент, Фицо рече дека нападот сериозно му го оштетил здравјето и дека „ќе биде чудо ако се врати на работа за неколку недели“.

Фицо се опоравува од повеќекратните рани откако беше застрелан во стомакот додека ги поздравуваше поддржувачите на 15 мај во градот Хандлова, на околу 140 километри североисточно од главниот град Братислава. Напаѓачот е уапсен.

Навидум во добра форма, Фицо вети дека ќе се врати на работа кон крајот на јуни или почетокот на јули и рече дека не чувствува омраза кон својот напаѓач.

„Му простувам“, рече тој и додаде дека не планира да покрене правна постапка против напаѓачот. Но ја нападна опозицијата и другите. На крајот на краиштата, евидентно е дека тој бил само гласник на злото и политичката омраза“, пишува Гардијан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK