Франција инвестира 650 милиони евра во развојот на Украина

1692283729_ukraina-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Франција ќе отвори развојна агенција во Украина со буџет од 450 милиони евра, а во исто време ќе започне и фонд за клучни инфраструктурни проекти во кои ќе инвестира дополнителни 200 милиони евра, соопшти денеска кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Париз ќе објави два билатерални договори за поттикнување на реконструкција за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Франција на 6 и 7 јуни, пренесува Ројтерс.

Официјален претставник на француското претседателство одби да коментира дали за време на посетата ќе биде објавен договор за испраќање француски воени инструктори во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK