Вкрстен напад со беспилотни летала: 11 дронови шахед уништени во Украина, Русите соборија летало над Крим

Вкрстен-напад-со-беспилотни-летала-11-дронови-шахед-уништени-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со 17 нападни беспилотни летала, соопшти украинската армија.

Како резултат на борбени операции, 11 дронови „шахед“ се уништени во регионите на Миколаев, Одеса, Виничката и Дњепропетровската област, се наведува во објавата на Телеграм, пренесува Укринформ. Како што беше соопштено, во ноќниот напад на руски беспилотни летала во Одеса е оштетена цивилната инфраструктура, а во нападот нема жртви.

Руската армија во текот на ноќта собори украински дрон над Крим, соопшти Министерството за одбрана. Претходниот пат, украинските вооружени сили во вторникот се обидоа да го нападнат полуостровот со дрон, јавува агенцијата РИА Новости.

Потоа, според руското Министерство за одбрана, мал ракетен брод на Црноморската флота уништил украински дрон на 10 километри од брегот на Крим.

Во областа Доњецк во Украина едно лице загина, а седум се повредени, меѓу кои и едно дете, во ноќното гранатирање на Селидово, пренесува Укринформ.

„Најмалку 1 лице загина, а 7 се повредени како резултат на ноќното гранатирање на Селидово. Меѓу повредените има и дете родено во 2017 година“, изјави началникот на воениот округ Доњецк, Вадим Филашкин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK