Марта Кос, европска комесарка за проширување, изјави дека Србија нема да може да напредува по европскиот пат ако не воведе санкции против Русија.
Вака одговори Марта Кос на прашањето дали ќе биде можно Србија да влезе во ЕУ ако не воведе санкции против Русија.
„Нема да биде можно земја која не се усогласува со нас во однос на стратешките интереси, што се, секако, надворешната и безбедносната политика, односно заедничката борба против Русија, особено во контекст на руската војна во Украина, да напредува. Ќе биде многу, многу тешко“, рече Кос.
Сепак, како што вели, ЕУ сè уште не започнала разговори со новата Влада на Србија.
„Значи, прво треба да формираат нова влада, а потоа ќе видиме како и дали ќе можеме да продолжиме во оваа област“, рече Кос, пренесуваат српските медиуми.