(Видео) Украина: Нападнавме важна воздушна база длабоко на руска територија

napad-baza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украински беспилотни летала управувани од воената разузнавачка агенција ГУР рано утринава ја нападнале воздухопловната база Енгелс, лоцирана длабоко на руска територија, изјави за Ројтерс извор од украинската разузнавачка служба.

Гувернерот на Саратовската област, каде што се наоѓа базата, изјави дека украинските беспилотни летала биле соборени во близина на Енгелс, но не пријавил никаква штета.

„Резултатите се проверуваат“, изјави украински извор за нападот.

На социјалните мрежи се прошири снимка од експлозии снимени во близина на воздухопловната база Енгелс.

Руската воздухопловна база Енглес е исклучително важна во руската војна против Украина бидејќи од неа редовно полетуваат руски бомбардери и други авиони од кои Русите лансираат крстосувачки ракети кон Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK