(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода

0bd70e9c-1b8e-45ef-a383-94e6a14f6d4d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо, врнежите се очекува да траат уште неколку дена.

Пожарникарите примиле повеќе од 200 повици за помош, а меѓу другите извлекле и жена заробена во автомобил од поплавен подвозник.

Повиците за помош биле поврзани и со поплави и разнесени покриви. Неколку автомобили паркинг пред трговски центар биле оштетени од металниот покрив кој се одвоил од блиската зграда, пишува „Анса“.

Обилни врнежи паднаа и на северот на Тоскана, каде што пожарникарите користеа чамци за да ги спасат возачите заробени на поплавените улици.

Издадено е црвено предупредување за водостојот на реките, кое важи и за областа Модена и Пјаченца во провинцијата Емилија Ромања, пишува италијанската новинска агенција „Анса“.

Температурите во поширокото подрачје на северниот и централниот дел од земјава се движат околу 20 Целзиусови степени. Метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе продолжат до четврток, а најлошо ќе биде во провинциите Лигурија, Пиемонт, Тоскана, Умбрија и регионот Марке.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK