(Видео) Тајфунот Чампи го погоди Тајван, речиси 530 повредени и еден загинат, во Кина евакуирани над 414.000 луѓе


screenshot-2026-10-24-163157.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силните ветрови и бранови предизвикаа голема материјална штета на Тајван, каде што беа урнати околу 2.200 дрвја и оштетени повеќе од 700 објекти. Во Кина, поради невремето, беа евакуирани стотици илјади луѓе, а откажани се и бројни летови.


Тајфунот Чампи, кој накратко достигна јачина на супетајфун, го погоди Тајван и предизвика голема материјална штета, при што речиси 530 лица беа повредени, а едно лице го загуби животот, соопштија властите.

Според извештаите, маж загинал во четвртокот, откако брановите го одвлекле во морето во јужниот дел на островот.

Невремето остави сериозни последици во погодените области. Властите пријавиле околу 2.200 паднати дрвја и повеќе од 700 оштетени објекти. Поради силните ветрови, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија.

Тајванската метеоролошка агенција измерила постојани ветрови со брзина до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, додека налетите достигнувале и до 162 километри на час.

Чампи оттогаш ослабнал, но последиците од невремето продолжиле да се чувствуваат и во Кина.

Над 414.000 луѓе евакуирани во Кина

Повеќе од 414.000 луѓе биле евакуирани поради силните ветрови и обилните врнежи што ги зафатиле источните крајбрежни делови на Кина.

Поради невремето биле откажани повеќе од 100 летови, а нарушувања во авиосообраќајот биле регистрирани и на аеродромите во Шангај, како и во провинциите Фуџијан и Џеџијанг.

Авиокомпанијата „Чајна истерн ерлајнс“ соопштила дека откажала 39 домашни летови од и кон двата главни аеродрома во Шангај. Проблеми имало и на линиите кон и од градовите Фужоу и Венџоу.

Во погодените области училиштата биле затворени, а граѓаните биле повикани да останат во своите домови.

Според прогнозите, Чампи се очекувало до недела да се движи кон север и да помине покрај кинеската крајбрежна провинција Џеџијанг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK