Оставки во американскиот гасен проект на Алјаска по обвинувањата дека руски Новатек тајно го финансира


gasovod.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Речиси целото раководство на „Полар треин ЛНГ“ си заминало од проектот за изградба на терминал за извоз на течен природен гас, по обвинувањата дека рускиот енергетски гигант „Новатек“ тајно го финансира и влијае врз неговото управување. Поранешниот извршен директор Џоел Ридл предупредил на можни прекршувања на американските санкции, објави „Фајненшл тајмс“.


Проектот за изградба на терминал за течен природен гас на северот на Алјаска, вреден 25 милијарди долари, се соочува со сериозни проблеми по заминувањето на повеќе високи функционери и обвинувањата за вмешаност на рускиот „Новатек“, кој се наоѓа под американски санкции.

„Полар треин ЛНГ“ го започна проектот во март, со план да искористи и да премести на Алјаска делумно изграден терминал на рускиот „Новатек“. Компанијата побарала дозвола од американското Министерство за финансии за преговори со руската групација, но одобрение сè уште не добила.

Поранешниот извршен директор Џоел Ридл тврди дека открил оти „Новатек“ почнал да го финансира проектот и директно да влијае врз неговото управување пред да бидат добиени потребните дозволи. Во септември поднел оставка, а набргу потоа компанијата ја напуштиле и финансискиот директор Ден Чандра и други високи раководители.

„Поднесов оставка од функцијата извршен директор на „Полар ЛНГ“ затоа што за мене беше неприфатливо руската компанија „Новатек“ да го финансира проектот и фактички да го определува стратешкиот правец на компанијата“, изјавил Ридл.

Тој првично верувал дека проектот го финансираат инвеститорот Џентри Бич, поврзан со семејството на Доналд Трамп, и компанијата „Тек вејв“ од Абу Даби.

Според Ридл, подоцна дознал дека Бич воопшто не вложил пари во проектот и дека не бил ниту акционер ниту член на управата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK