(Видео) Николас Џексон ги реши „Граѓаните“ од Манчестер


nicolas-jackson-chelsea-celebrates-his-depositphotos_719724186_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Астон Вила го победија Манчестер Сити со 2:1 во осмото коло од Премиер лигата.


Нема повеќе непоразени во Премиер лигата. Во саботата, Манчестер Сити го доживеа својот прв пораз во новата сезона на англискиот фудбал, на гостински терен во Бирмингем.

Апсолутен херој на Астон Вила беше Николас Џексон, кој ги казни „граѓаните“ со два гола и воодушеви голем број навивачи.

Сè започна во 6-та минута. Џексон го постигна првиот гол на натпреварот, го надмудри дефанзивецот и ја „турна“ топката во мрежата.

Првото полувреме заврши со тој резултат, а потоа на сцена стапи најефикасниот играч на Сити – Ерлинг Халанд.

Во 52-та минута, Халад успеа да го матира голманот на Вила и да му донесе израмнување на Манчестер, па на семафорот пишуваше 1:1.

Пото на сцената повторно стапи поранешниот напаѓач на Виљареал, Челзи и Баерн.

Во 60-та минута упати остар удар во земја што го измами голманот Донарума и на малку комичен начин ѝ донесе на Вила ново водство, 2:1.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK