(Видео) Солзавец и водени топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

3905508_hapsenje_ls.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата.

Протестите беа организирани недалеку од националниот конгрес како одговор на реформите предложени од претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи.

Протести организираа левичарски партии и групи, како и синдикати кои се противат на предложените измени во различни сегменти.

Опозицијата е особено силна кога е во прашање приватизацијата, можното укинување на фондот за поддршка на просветните работници, како и уредбите со кои ќе се поедностави процесот на отпуштање работници.

Горниот дом на парламентот синоќа до доцна во ноќтаго разгледуваше предлог-законот за реформи.

Пратениците прво ќе гласаат за законот во целина, а подоцна и за секоја одредба посебно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK