Познатиот ирански новинар Бабак Тагве, кој живее во егзил, на својот Твитер профил објави видео на кое наводно се гледа како ирански балистички ракети ја погодуваат пустината Негев.
Тагве нагласи дека се работи за балистичка ракета, и дека не постои дрон способен да изврши таков напад.
#BREAKING: This video shows impact of ballistic missiles launched by the #IRGC Aerospace Force from #Iran at #Israel. pic.twitter.com/d3PZZYtmoq
— Babak Taghvaee – The Crisis Watch (@BabakTaghvaee1) April 13, 2024
Негев е пустински регион на југот на Израел.
Според американски официјални лица, цел на иранскиот напад се воени инсталации, а не цивилни објекти.
Иранската револуционерна гарда во текот на вечерта објави дека ракетите „погодиле цели на окупираните територии“.
Иранската мисија во ОН соопшти дека нападот е одговор „на агресијата на ционистичкиот режим“ и дека „работата може да се смета за завршена“.
– Меѓутоа, доколку израелскиот режим направи уште една грешка, одговорот на Иран ќе биде многу поостар – се наведува во соопштението на иранската мисија.
Во текот на вечерта Иран ја започна операцијата „Искрено ветување“, поточно голем напад врз Израел со употреба на голем број беспилотни летала и ракети.